13 Ноември — скопска населба во северозападниот дел на Општина Аеродром. Наречена е според денот на кој е ослободено Скопје. На југ се граничи со населбата Аеродром, наисток и на север со Јане Сандански, додека на север и запад со реката Вардар, односно населбата Ќерамидница. Во крајниот југозапад еден крак се граничи со населбата Острово. 13 Ноември претставува високо урбанизирана населба.