Јурумлери
Јурумлери | |
Поглед на дел од селото Јурумлери | |
Координати 41°58′1″N 21°33′24″E / 41.96694° СГШ; 21.55667° ИГД | |
Општина | Гази Баба |
Население | 3.256 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1047 |
Шифра на КО | 25069, 25569 |
Надм. вис. | 227 м |
Јурумлери на општинската карта Атарот на Јурумлери во рамките на општината | |
Јурумлери на Ризницата |
Јурумлери — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Скопското Поле, на 7 километри источно од Скопје и 43 километри северно од Велес, во југоисточниот дел на подрачјето на Општина Гази Баба и на десната страна од патот Скопје-Велес. Селото е рамничарско, на надморска височина од 227 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]За настанокот на селото и неговото име е забележана една легенда дека Хавзи-паша од Скопје на почетокот на XIX век тука доселил Грци од епирскиот град Јанина кои биле вешти во правењето шалитра[2]. По нив селото го добило името (веројатно од турскиот назив за нив). Потоа тие бргу исчезнале, голем дел изумреле, а некои се преселиле во Скопје.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Урумлер и било христијанско, каде имало 26 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 90 мажи христијани, со 10 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 154 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јурумлери живееле 285 жители, од кои 180 Турци и 95 Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јурумлери имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 други жители.[7]
Јурумлери е мошне големо село, со значителна емиграција на населението. Така, тоа во 1961 година имало 1.057 жители, од кои 846 биле Македонци, 34 Албанци, 2 Турци, 19 Срби и 156 останати, а во 1994 година бројот се зголемил на 3.326 жители, од кои 2.865 биле Македонци, 28 Албанци, 308 Роми, 4 Власи, 69 Срби и 52 останати.
На пописот од 2002 година, селото имало 2.983 жители, од кои 2.523 Македонци, 25 Албанци, 331 Ром, 2 Власи, 58 Срби и 43 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.256 жители, од кои 2.522 Македонци, 54 Албанци, 342 Роми, 7 Власи, 62 Срби, 15 останати и 254 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 542 |
1953 | 506 | 23 | 3 | 92 | — | 8 | ... | 3 | — | 637 |
1961 | 846 | 34 | 2 | ... | ... | 19 | ... | 156 | — | 1.057 |
1971 | 1.012 | 14 | — | 168 | ... | 28 | ... | 24 | — | 1.246 |
1981 | 1.728 | 12 | — | 237 | — | 50 | ... | 34 | — | 2.061 |
1991 | 2.745 | 28 | — | 306 | 1 | 72 | — | 104 | — | 3.256 |
1994 | 2.865 | 28 | — | 308 | 4 | 69 | — | 52 | — | 3.326 |
2002 | 2.523 | 25 | — | 331 | 2 | 58 | — | 43 | — | 2.983 |
2021 | 2.522 | 54 | — | 342 | 7 | 62 | — | 15 | 254 | 3.256 |
Родови
[уреди | уреди извор]Јурумлери е мешано село.
Според истражувањата од 1953 година родови во селото се:
Македонски
- Доселеници: Робевци (5 к.) најстар македонски род во селото. Доселени се во првата половина на XIX век од селото Булачани на Скопска Црна Гора, таму имале кумови наречени Јаневи; Савески (2 к.) доселени се во XIX век, но не знаат од каде точно; Дуњечковци (2 к.) доселени се во XIX век од Долно Лисиче. Една нивна гранка прешла во Јурумлери, а од таму во Кадино; Корабџиовци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде точно; Кумановци (2 к.) доселени се од селото Идризово. А таму од селото Матејче кај Куманово. Имаат роднини во Идризово, Трубарево и Мралино; Јовевчиња (2 к.) доселени се од Горно Водно; Стојанови (1 к.) и Илијоски (4 к.) доселени се од селото Идризово во текот на Првата светска војна; Ѓечовци (4 к.) доселени се од Драчево, а таму од Драчевица. Во Драчево имаат роднини; Ицкови (4 к.) доселени се во 1922 година од селото Раштак. Таму припаѓале на родот Николови. По преданието овој род потекнувал од предок Албанец-католик од околината на Скадар во северна Албанија. Од таму предците се доселиле во селото Рашче, па потоа некој предок заминал во Раштак. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 40 г. во 1953 година) Димитрија-Димо-Ристо-Ѓорче, кој прешол од Рашче во Раштак. Николови поради тоа што порано биле католици го имаат прекарот латини; Гурмешови (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Кучевиште на Скопска Црна Гора. Таму имале роднини; Емширови (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Кучевиште; Патлиџанои (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Горно Соње. Таму имале роднини, подалечно потекло од Кумановско; Пунџови (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Горно Соње; Спасови (3 к.) доселени се во 1937 година од селото Горно Соње. Таму биле староседелци; Водњани (2 к.) доселени се во 1930 година од Горно Водно, таму имале роднини; Калајџиови (3 к.) доселени се во 1942 година од селото Раштак. Они се деленици од Ицкови; Стојкови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Раштак; Младеновчиња (1 к.), Тутуној (1 к.), Бачови (2 к.) и Младенови (2 к.) доселени се во 1942 и 1944 година од Горно Соње; Пупунчеви (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Раштак; Караманови (1 к.) и Ѓевкови (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Раштак; Јосифои (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Горно Соње. Таму имале роднини, подалечно потекло од Дебарско; Николеи (1 к.) и они се од Горно Соње; Пометкои (1 к.) доселени се од Сопиште. Таму биле староседелци; Петкоски (1 к.) доселени се од селото Орах кај Куманово.
Ромски
- Доселеници: Селимовци (2 к.), Дурчевци (4 к.), Бафтијарови (2 к.), Џемаилови (2 к.), Идризови (3 к.), Беќирови (1 к.), Дестанови (1 к.) и Шаин Алија (1 к.) овде живеат уште од турско време.
Албански
- Доселеници: Муслиови (1 к.) и Реџепови (1 к.) доселени се во различен период од Косово. Нивното потекло е ромско, Маљоци; Демирови (1 к.) доселени се во 1933 година од Скопје. А таму се доселени во 1920 година од селото Мало Пољцу кај Штимле во Косово; Цуц Нуа (2 к.) они се Албанци католици. Доселени се од селото Градешница кај Призрен. Брачни врски одржувале со католиците во околината на Гнилане во Косово.
Срби
- Доселеници: Бранковиќи (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Попчица во сврљишки округ.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Душан Николовски (р. 27 мај 1947) - македонски рударски инженер, професор и поранешен пратеник во Собранието на Македонија.
- Ивана Младеновска (р.9 април 1986) - македонска сликарка.
- Благоја Гочевски (1920-?) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.91
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 207.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
- ↑ „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|