Ивана Младеновска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ивана Младеновска (Скопје, 9 април 1986) — македонска сликарка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Младеновска е родена на 9 април 1986 година во Скопје. Основното образование го завршува во Јурумлери, а во 2004 година завршува во Државното средно училиште „Раде Јовчевски-Корчагин” во Скопје. Високото образование го стекнува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, сликарски отсек во класата на Проф. Вело Ташовски, насока реставрација и конзервација, каде во 2008 е прогласена за студент на генерацијата. Живее во скопско Јурумлери. Добитник е на наградата Димитар Кондовски за сликарство на 56. годишна изложба на ДЛУМ[1] за 2009 година.

Изложби[уреди | уреди извор]

  • 2008 - Белград, СКЦ Нов Белград[2]
  • 2004 - Скопје, Дом на АРМ, со арт студио Линеа
  • 2006 - Скопје, НУБ „Св. Климент Охридски”, Peace One Day, со арт студио Линеа
  • 2006 - Марибор, Македонски културен центар
  • 2007 - Струга, Центар за култура „Браќа Миладиновци”
  • 2007 - Струга, Ликовен центар „Еурохотел”
  • 2007 - Охрид, Ликовен центар „Глигор Прличев”
  • 2007 - Белград, Ликовен центар „Петрико”
  • 2007 - Струмица, Центар за култура „Антон Панов”
  • 2007 - Њујорк, MC Gallery
  • 2007 - Њујорк, Ликовен центар „Tazo”
  • 2008 - Скопје, Дом на АРМ, ИЛК „Сета таа музика-боја на звукот, звукот на бојата”
  • 2008 - Велес, ИЛК „Сета таа музика-боја на звукот, звукот на бојата”
  • 2007 - Белград, со ИЛК „Сета таа музика-звук на бојата, боја на звукот”
  • 2007 - Кочани, проследена со групна изложба
  • 2007 - Њујорк, со ИЛК „Сета таа музика-звук на бојата, боја на звукот”
  • 2008 - Берово, проследена со групна изложба
  • 2009 - Скопје,МКЦ[3]
  • 2009 - Прилеп, центар за култура „Марко Цепенков“ „Балканска перцепција на европскиот идентитет“[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Објавени добитниците на 56. годишна изложба на ДЛУМ“. МИА. 12 декември 2010. Посетено на 2010-01-09.[мртва врска]
  2. „Дела од млади уметници во Белград“. Дневник. Посетено на 2010-01-09.
  3. „ИЗЛОЖБА НА ИВАНА МЛАДЕНОВСКА ВО МКЦ“. Култура во Македонија. Посетено на 2010-01-09. На |first= му недостасува |last= (help)[мртва врска]
  4. Р, Св (20 март 2009). „Изложби на постери, слики и на скулптури во Прилеп“. Шпиц. Посетено на 2010-01-09.