Благоја Гочевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Гочевски
Роден 1920
Јурумлери, Скопско
Починал непозната
непознато

Благоја Бонев Гочевски ( 1920 во Јурумлери, Скопско — ?) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште тој се занимавал со земјоделство.

По ослободувањето на Македонија, на 18 ноември 1944 година, стапил во 3та македонска ударна бригада со која заминал за Бујановац и учествувал во акциите за конечното ликвидирање на заостанатите балистички банди. Потоа заминал за Земун, каде успешно завршил воена и стручна обука. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт и во ослободувањето на десетици градови и села во Сремската област. Во борбите кај Банова Јаруга, при еден јуриш бил ранет и испратен во партизанска болница на лечење. Подоцна бил забележан во борбите во првин во Славонска Пожега, а подоцна и во Загреб, но недолечен од раните. Оттаму неговиот траг се губи и се смета за исчезнат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 46. На |first= му недостасува |last= (help)