Говрлево
Говрлево | |
![]() Запуштени куќи во Говрлево | |
Координати 41°55′58″N 21°20′38″E / 41.93278° СГШ; 21.34389° ИГДКоординати: 41°55′58″N 21°20′38″E / 41.93278° СГШ; 21.34389° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Сопиште |
Население | 30 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25059 |
Надм. вис. | 527 м |
![]() |
Говрлево — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Каршијак, на јужните падини на планината Водно и источно од реката Треска во долината и сливното подрачје на Маркова Река. Селото е ридско, на надморска височина од 527 метри. Сместено е на источното подножје на ридест предел чија почва е богата со цементен лапорец, поради што цементарницата „Усје“ има отворено ископ и рудник за цемент во непосредната близина на селото. Соседни села се Света Петка, Соње, Чифлик, Барово и Осинчани.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 280 жители христијани (Македонци).[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Говрлево живееле 280 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Говрлево имало 264 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Говрлево е село со исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед. Така, во 1961 година имало 513 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители, македонско население.
Според последниот попис од 2002 година, во селото имало 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Срби.[5]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280[3] | 400[4] | 501 | 521 | 513 | 290 | 124 | 47 | 24 | 30 |
Родови[уреди | уреди извор]
Говрлево е македонско село.
Во Говрлево отсекогаш па сѐ до денес живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:[7]
- Староседелци: Блажовци (11 к.), Ѓоргијовци (6 к.), Лонгуровци (3 к.), Јанковци (4 к.), Спереловци (2 к.), Аврамовци (1 к.), Ѓоровци (6 к.), Акетовци (2 к.), Газиновци (1 к.), Бебешковци (1 к.) и Ивановци (7 к.),
- Доселеници: Скендеровци (7 к.) доселени се од селото Жировница во сливот на реката Радика околу 1810 година. Се доселиле двајца роднини Скендер и Алил, Скендер во Говрлево се вратил во православие, а Алил, не сакал да живее меѓу православни и се преселил во Света Петка; Шкоровци (8 к.) доселени се од селото Зркле во Порече. Во Зркле живееле тројца браќа, еднаш во нивната куќа дошол Турчин арамија, кој се заседнал како гостин со денови, и сакал да го служи сестрата на браќата, браќа го убиле Турчинот, и околу 1820 избегале од Порече. Основачот на овој род се населил во Говрлево, вториот брат отишол во Љубош, па од таму во Долно Лисиче (Ѓокевци 7 к.), а третиот отишол во Скопска Црна Гора (некои мислат во Бањане); Манушовци (2 к.) доселени се од Козарево, сега раселено село во атарот на селото Света Петка; Николовци (1 к.) ништо не знаат за своето потекло; Богдановци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени; Ѓурчевци (3 к.) доселени се од Ботушје во Порече; Крстевци (3 к.) доселени се од селото Јаболци, каде биле староседелци; Џеповци (1 к.) доселени се од Осинчани, овој род по машка линија е изумрен, па сега се продолжува само со домазетовци; Поречановци (2 к.) доселени се од Пуста Брезница, подалечно потекло од Порече.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Цркви
- „Св. Трифун“
- „Св. Илија“
- „Св. Троица“
- „Св. Петар и Павле“
- „Св. Марина“
- „Св. Ерина“
- „Св. Недела“
- „Св. Петка“
- „Св. Кузман и Дамјан“
- „Св. Никола“
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
- Манастириште — средновековна населба и некропола;
- Св. Илија - средновековна црква;
- Церје — населба од неолитското време.
Иселенишво[уреди | уреди извор]
Селото е напуштено во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-от век, како последица на познатите миграции село-град, во кои луѓето ги напуштале селата во потрага по полесен начин на издршка и вработување во фабриките во Скопје, поради што најголем број жители се иселиле во приградските населби и села Горно Лисиче, Пинтија, Припор, Драчево. Сосема мал број жители се останати во селото, воглавно старци.
Личности[уреди | уреди извор]
- Благица Павловска — македонска фолк-пејачка
- Тодорче Божиновски — одборник на МЗ
- Ване Мирчевски (1922-1946) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Санде Цветановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 206.
- ↑ 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 368. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Говрлево на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Говрлево на Карти на Гугл
|