Батинци
Батинци | |
Поглед на селото Батинци и планината Водно во позадина од манастирот Преполовение - Руса Среда во месноста Пеленица | |
Координати 41°55′10″N 21°28′54″E / 41.91944° СГШ; 21.48167° ИГДКоординати: 41°55′10″N 21°28′54″E / 41.91944° СГШ; 21.48167° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 7.267 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1051 |
Шифра на КО | 25009 |
Надм. вис. | 381 м |
![]() |
Батинци — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Батинци се наоѓа во областа Торбешија.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Батинци живееле 144 жители, од кои 120 Албанци и 24 Македонци.[2]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Батинци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.
Батинци е големо село, коешто во 1961 година имало 845 жители, а во 1994 година 4.117 жители, од кои 2.135 Албанци, 306 Турци, 8 Роми, 1 Србин и 1.667 останати.
Според пописот од 2002 година, во селото имало 5.364 жители, од кои: 36 Македонци, 3.217 Албанци, 407 Турци, 2 Роми, 1 Србин, 1.660 Бошњаци и 41 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7.267 жители, од кои 17 Македонци, 4.473 Албанци, 616 Турци, 2 Власи, 2 Срби, 1.625 Бошњаци, 41 останат и 491 лице без податоци.[4]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 551 |
1953 | — | 133 | 408 | 16 | — | — | ... | 10 | — | 567 |
1961 | 4 | 157 | 653 | ... | ... | 1 | ... | 30 | — | 845 |
1971 | 1 | 195 | 1.016 | — | ... | 7 | ... | 600 | — | 1.819 |
1981 | 3 | 1.018 | 529 | 1 | — | 1 | ... | 1.687 | — | 3.239 |
1991 | 2 | 143 | 260 | 7 | — | 1 | ... | 1.908 | — | 2.321 |
1994 | — | 2.135 | 306 | 8 | — | 1 | ... | 1.667 | — | 4.117 |
2002 | 36 | 3.217 | 407 | 2 | — | 1 | 1.660 | 41 | — | 5.364 |
2021 | 17 | 4.473 | 616 | — | 2 | 2 | 1.625 | 41 | 491 | 7.267 |
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови[уреди | уреди извор]
Батинци е мешано село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
Албански
- Доселеници: Исовци (4 к.) доселени се од селото Драчевица. Таму имале роднини наречени Штека; Бајрамовци (9 к.) доселени се од селото Драчевица, а таму од областа Матија во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Арслан (жив на 25 г. во 1950 година) Атула-Зендел-Бајрам, кој се доселил; Нуровци (5 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија; Аметоски (4 к.) и Исеиноски (2 к.) доселени се од Тетовско. А таму од северна Албанија; Абдиловци (2 к.) доселени се од северна Албанија; Муслиовци (3 к.) доселени се околу 1935 година од Кумановско. А таму од северна Албанија; Џеладин (1 к.) доселени се од Тетовско; Абаз (1 к.) доселени се од селото Света Петка. Таму имале роднини наречени Аљиалар; Зеадиноски (1 к.) доселени се од селото Вртекица. Таму им биле роднини Дервише; Рушитоски (5 к.) и Саитоски (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Дресница. Таму се доселиле од селото Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.
Торбешки
- Доселеници: Суљовци (12 к.) доселени се од селото Долно Количани. Таму имале истоимени роднини; Мемедоски (11 к.) доселени се од селото Долно Количани. А таму од некое мијачко-торбешко село во Долна Река; Бакиовци (4 к.) доселени се од селото Цветово. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Дебарско; Таировци (3 к.) доселени се од селото Долно Количани. Подалечно потекло од Долна Река; Рушитовци (1 к.) доселени се од Долно Количани. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Долна Река.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Филозофски факултет-Скопје.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Батинци на Карти на Гугл
|