Елово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елово
Елово - панорама.jpg
Елово во рамките на Македонија
Елово
Местоположба на Елово во Македонија
Елово на интерактивна карта

Карта

Координати 41°50′29″N 21°22′14″E / 41.84139° СГШ; 21.37056° ИГД / 41.84139; 21.37056Координати: 41°50′29″N 21°22′14″E / 41.84139° СГШ; 21.37056° ИГД / 41.84139; 21.37056
Општина Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани
Население 198 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25047
Надм. вис. 878 м
Елово на општинската карта
Елово во Општина Студеничани.svg

Атарот на Елово во рамките на општината
Commons-logo.svg Елово на Ризницата

Елово — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на град Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 265 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Торбешија, на западните падини на Караџица. Тоа е на 18 км растојание во воздушна линија од Скопје.

Бела Црква[уреди | уреди извор]

Панорама на Бела Црква.

Маалото Бела Црква е вон самото Елово и се наоѓа на север, на 2 км во воздушна линија од главното населено место. Маалото се состои од десетина куќи.

Историја[уреди | уреди извор]

Стара куќа

Според Леонард Шулце Јена, селото во 1927 година било населено со Албанци.[2] Истото го тврди и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]

Меѓутоа, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Евлово имало 450 жители, од кои сите биле Македонци-муслимани.[4][5] Ова е веројатно единствениот исправен податок, за што сведочи фактот што населението уште од почеток до денес говорело македонски.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948902—    
1953876−2.9%
1961436−50.2%
1971117−73.2%
1981173+47.9%
ГодинаНас.±%
1991233+34.7%
1994212−9.0%
2002265+25.0%
2021198−25.3%

Според податоците од 2002 година, во селото имало 265 жители, од кои 247 Турци, 13 Албанци, 1 Македонец и 4 други.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 1 Албанец, 98 Турци и 99 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 902 876 436 117 173 233 212 265 198
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Елово е торбешко село. Според истражувањата од 1950 година родови во селото се:

  • Доселеници: Шабановци (7 к.), Баовци (9 к.), Рамановци (10 к.), Рашитовци (8 к.), Аметовци (6 к.), Селимовци (9 к.), Селмановци (8 к.), Џаферовци (3 к.), Имеровци (7 к.) Ѓуловци (14 к.), Орлевци (2 к.), Шабановци (7 к.), Абдијовци (2 к.), Ејуповци (3 к.), Таировци (10 к.), Зендовци (4 к.), Џаферовци (5 к.), Фејзовци (2 к.), Ибраимовци (2 к.), Алиловци или Ѓулафковци (6 к.), Јашаровци (1 к.), Амет-Фета (2 к.), Мемедовци (3 к.), Арифовци (4 к.), Ќеримовци (7 к.), Исовци (1 к.), Еминовци (2 к.) и Салиовци (2 к.) сите се доселени од мијачките-торбешки села во Долна Река во текот на XVIII век; Корчовци (4 к.) се викаат и Даутовци. Доселени се од околината на Корча во Албанија. Зборувале на македонски уште кога дошле. Го знаат следното родословие: Љазим (жив на 22 г. во 1950 година) Мемет-Ибраим-Мемет-Даут, кој се доселил.[11]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1950 година од селото се иселиле 15 семејства во Скопје, и 20 семејства во Турција. Иселеници имало и во населбата Бутел (Мемедовци).[11]

Личности[уреди | уреди извор]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Училиштето
  • Основно училиште

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Џамијата
Џамии
Останато
  • Метова Чека - ловечко чекалиште за дивеч, кое се наоѓа до патот кон Црн Врв

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]