Малчиште
Малчиште | |
![]() Поглед на Малчиште | |
Координати 41°52′47″N 21°23′28″E / 41.87972° СГШ; 21.39111° ИГДКоординати: 41°52′47″N 21°23′28″E / 41.87972° СГШ; 21.39111° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Торбешија |
Население | 60 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1050 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25084 |
Надм. вис. | 480 м |
![]() |
Малчиште — село во Општина Студеничани, Скопско.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Торбешија, на надморска височина од 480 м. Низ него минува Маркова Река. Атарот е ридски и зафаќа површина од 2,8 км2.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Малчиште е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од градиштето Марково Кале на 800 м североисточно од селото.[2]
Во XIX век Малчиште било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 г. Малчишта имало 90 жители, сите Арнаути муслимани.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Малчиште (Malčište) како албанско село.[4]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Малчиште како албанско село.[5]
Сите подоцнежни пописи го заведуваат населението како турско, со што се поставува прашањето дали всушност не се работи за Македонци-муслимани (Торбеши) кои се изјаснувале различно во различни пописи.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Малчиште има мешани ресурси. Атарот му се состои од 153 ха шуми, 61 ха обработливо земјиште и 42 ха пасишта.[1] Жителите на Малчиште имаат краварска фарма кај Марковиот манастир во с. Маркова Сушица.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | — | 182 | 194 | 159 | 51 | 69 | 61 | 7 | 60 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Малчиште доживеало битен раст по Втората светска војна и продолжило да расте до 1950-тите. Оттогаш почнало да опаѓа, за во 1961 г. да се намали повеќе од трикратно, веројатно поради иселувања во Турција. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1994 г. се заведени само 7 лица, иако во претходните и последователните пописи населението одржувало нормална бројност.[9]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 60 жители, од кои највеќето се Турци. Следува табела на националната структура на населението.[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 51 |
Роми | 0 |
Албанци | 9 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Малчишка џамија
- Основно училиште
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Марково Кале — градиште од римско и доцноантичко време
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 190. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 377. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Малчиште — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Малчиште на Ризницата
- Сателитска снимка на Малчиште на Карти на Гугл
|