Пагаруша
Пагаруша | |
![]() Поглед на селото Пагаруша | |
Општина | ![]() |
Население | 227 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25104 |
Надм. вис. | 623 м |
![]() |
Пагаруша — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје. Во минатото селото било чисто македонско (христијани и муслимани).
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Пагаруша се наоѓа во областа Торбешија, во северозападниот дел на територијата на Општина Студеничани.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото било дел од Скопската каза на Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 15 жители христијани (Македонци) и 380 жители муслимани (Македонци).[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според последниот попис од 2002 година, селото имало население од 227 жители, од кои 226 Турци и 1 Албанец.
Родови[уреди | уреди извор]
Пагаруша е торбешко село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
- Староседелци: Панчевци (1 к.) исламот го примиле од како се доселиле другите муслимански родови. За нив може да се слушне и името Алиовци.
- Доселеници: Јуцовци со Селмановци и Оручовци (15 к.) доселени се од селото Жировница во Долна Река. Го знаат следното родословие: Заим (жив на 38 г. во 1950 година) Узеир-Зејнел-Јонуз-Реџеп, се доселил неговиот татко; Аџовци (12 к.) доселени се од Долна Река, мислат дека се од Жировница; Чалмовци (11 к.), Суљовци (7 к.), Зулковци (6 к.), Чумуровци (5 к.) и Османовци (3 к.) доселени се од Долна Река. Последните се продолжуваат само преку домазети.[3]
Галерија[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
До 1950 година од разни селски родови се иселиле во Скопје, 21 семејство. Од селото целосно се иселил родот Оџовци. Потомци од овој иселен род можат да се најдат во Скопје и Турција.[3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
- ↑ 3,0 3,1 Трифуноски, Јован. Филозофски факултет-Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Пагаруша на Карти на Гугл
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|