Рамни Габер
Рамни Габер — село во Општина Студеничани, во околината на град Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Торбешија.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рамни Габер живееле 180 жители, сите Албанци.[2]
Според пописот од 2002, селото брои 39 жители, сите Албанци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180[2] | 56[2] | 284 | 305 | 260 | 167 | 144 | 66 | 39 |
Родови[уреди | уреди извор]
Рамни Габер е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
- Доселеници: Шаље (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век; Џоке (5 к.) потекнуваат од северна Албанија. Од таму се иселиле во околината на Ѓаковица, па потоа се доселиле во Рамни Габар. Овде живеат од почетокот на XIX век; Тураш (8 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓач (16 к.) потекнуваат од фисот Гаш. Од старото место се иселиле тројца браќа преку Косово се населиле најпрво во Црвена Вода, таму еден од браќата убил некој Албанец од селото Драчевица во кавга за земја, па затоа се населиле во селото Рамни Габер, во Црвена Вода имаат роднини; Калис (2 к.) потекнуваат од фисот Калиса во северна Албанија; Ѓеч (4 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија. Имаат роднини во селото Вртекица кај Качаник; Фанд (1 к.) потекнуваат од фисот Гаш во северна Албанија. Таму живееле во областа Фанде.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован. Филозофски факултет-Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Рамни Габер на Карти на Гугл
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|