Маркова Сушица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маркова Сушица
Маркова Сушица 02.JPG

Поглед кон Маркова Сушица, од патот кон Добри Дол

Маркова Сушица is located in Македонија
Маркова Сушица
Местоположба на Маркова Сушица во Македонија
Координати 41°53′56″N 21°24′29″E / 41.89889° СГШ; 21.40806° ИГД / 41.89889; 21.40806Координати: 41°53′56″N 21°24′29″E / 41.89889° СГШ; 21.40806° ИГД / 41.89889; 21.40806
Општина Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани
Население 53 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 464 м
Маркова Сушица на општинската карта
Маркова Сушица во Општина Студеничани.svg

Атарот на Маркова Сушица во рамките на општината
Commons-logo.svg Маркова Сушица на Ризницата

Маркова Сушицасело во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Стара македонска куќа - чардаклија во селото Маркова Сушица

Маркова Сушица е скопско село во јужниот дел на Скопската Котлина, во составот на Општина Студеничани[1]. Селото лежи на локален пат и од левата страна на регионалниот пат кој води кон областа Поречје и вештачкото езеро Козјак, а од градот Скопје е одалечено 18 км[2]. Маркова Сушица лежи на надморска височина од 370 метри во долината на Маркова Река, на нејзиниот лев брег недалеку од вливот на Патишка во Маркова Река[3], а во подножјето на ридскиот предел кој се издига кон северо-запад.

Историja[уреди | уреди извор]

Непосредната околина на селото Маркова Сушица е полна со старини од античкиот и средновековниот период. Југозападно од селото се наоѓа возвишението Марково Кале со остатоци од тврдина (ѕидини дебели до 1 метар) за која населението верува дека ја изградил Крали Марко, која поради самата положба во долината на Маркова Река имала одбранбена функција[4]. Во околината на Марковиот манастир во средновековниот период биле изградени и повеќе други тврдини, помали цркви и испоснички ќелии, денес во рушевини, како што се Св. Архангел, Св. Богородица, Св. Атанасиј и денес возобновената Св. Никола[5]. Први пишани податоци за селото Сушица се сретнуваат во 1300 година на почетокот на XIV век, во повелбата на кралот Милутин, со која се потврдиле имотите и се дарувала шума кај селото Сушица на манастирот Свети Ѓорѓи - Горг Скоропостижник во Скопје[6]. Во Средниот век селото Сушица повторно се споменува во пописот на црковните храмови во нејзината околина. Во минатото постоело предание дека Марковиот Манастир поседувал голем земјиштен имот по течението на Маркова Река се до Драчево, меѓутоа по еден немил настан кога манастирскиот коњ убил некој селанец, игуменот на манастирот бил осуден на 16 години затвор во Битола, при што за негово ослободување се заложил некој Турчин, кој за возврат го добил манастирскиот земјиштен имот[7]. Во втората половина на XIX век, Сушица била чифлик во сопственот на албанскиот сточар и насилник Касам ќаја од селото Гургурница на Сува Гора, но поради тоа што овој западнал во долгови, во 1880 година чифликот морал да го продаде на Аџи Ибраим Бег[8]. Чифчиството од кое Сушица се ослободила делумно во 1912 година, а целосно преку аграрна реформа во 1946 година, било многу тешко и поради тоа македонското население живеело во многу тешки и бедни услови, при што морало често да се иселува, а еднаш селото од 90 македонски христијански куќи спаднало дури на само 3 домови[9].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Лозјата на винаријата Сковин

Малубројното останато население денес најмногу се занимава со земјоделство. Поволните услови и плодното земјиште покрај Маркова Река условиле најмногу да се развие полјоделството, односно одгледувањето на житни култури (најмногу пченица и пченка), градинарски култури (пиперки, домати, краставици, кромид, лук) како и овоштарство и лозарство (ореви, цреши, сливи, кајсии, винова лоза и трпезно грозје). Сточарството е слабо застапено, а се одгледуваат овци и кози, а краврарска фарма постои близу манастирот, но таа е во сопственост на жители на соседното село Малчиште. Поради големиот број на викенд-куќи и привлечноста за туристи, во Маркова Сушица работат неколку продавници и угостителски објекти.

Население[уреди | уреди извор]

според последниот попис од 2002 година, селото брои 53 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години: [10]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 95[11] 163 152 132 66 44 22 24 53

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото секогаш и денес живеат само Македонци од православна христијанска вероисповед. Сите македонски родови во селото се доселеници, еден дел се постари доселеници уште во времеото на отоманското владеење, а другиот дел се понови доселеници после отоманското владеење. Македонски родови во селото се: Јовчевски и Савевчиња (двата рода од с.Долно Соње), Цековски (од с.Добри Дол), Неделкови, Спасовци, Гроздановчиња и Лазаровчиња (сите од с.Барово), Димовци и Чваровци (двата рода од с.Варвара)[12].

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото се уште постои старат зграда со интересна арихитектура на некогашното училиште „Браќа Миладиновци“ и зградата на месната заедница која се уште е во употреба.

Цркви и манастири[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Димитриј“ во Маркова Сушица

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на самиот крај на селото се наоѓа познатиот Марков Манастир, посветен на Свети Димитрија којшто почнал да се гради во 1345 година, а бил живописан во 1376/77 година[13]. Во него од 1802 до 1818, игумен бил познатиот македонски просветител и преродбеник Кирил Пејчиновиќ[14]. Близу манастирот се наоѓа и тврдината Марково Кале, веројатно изградена за негова заштита.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.192
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.192
  3. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.122
  4. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.122
  5. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.123
  6. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.123
  7. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.123
  8. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.123
  9. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.124
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  11. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  12. Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.124
  13. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.192
  14. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.192

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]