Црква „Св. Никола Николимуки“ - Маркова Сушица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола Николимуки
Sv.Nikola-Nikolimuki-Markova-Sushica.JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопско
Местоположба
Населено место Маркова Сушица
Општина Студеничани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Никола Николимуки е македонска православна христијанска црква, која се наоѓа во селото Маркова Сушица.[1] Црквата се наоѓа на самиот крај, југозападно од селото, на само 300 метри оддалеченост од Марковиот Манастир. Поточно, црквата е сместена од левата страна на патот кој води кон Марков Манастир во неговата непосредна близина, 300 метри пред манастирот. Спроти црквата од другата страна на патот постои чешма наречена Тониева Чешма, а исто така постојат и гробишта. Според изгледот и начинот на изградба од кршен делкан камен, како и остатоците од фрескоживопис на надворешната страна на ѕидовите над влезната врата, може да се заклучи дека црквата датира од постаро време, најверојатно доцниот среден век. Патронен празник на црквата е Св. Никола - „летен“ или Талалеј кој се прославува околу 18.05.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. ЧАЛОСКИ, Томо. „Роднокрајски записи -Маркова Сушица“ (македонски). конс. 2011-01-10.