Долно Соње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Соње
Dolno-Sonje-poglednato-od-patot-za-Osincani.JPG

Поглед на селото Долно Соње од патот за с. Осинчани

Долно Соње во рамките на Македонија
Долно Соње
Местоположба на Долно Соње во Македонија
Долно Соње на интерактивна карта

Карта

Координати 41°56′24″N 21°22′40″E / 41.94000° СГШ; 21.37778° ИГД / 41.94000; 21.37778Координати: 41°56′24″N 21°22′40″E / 41.94000° СГШ; 21.37778° ИГД / 41.94000; 21.37778
Општина Coat of arms of Sopište Municipality.svg Сопиште
Население 793 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25541
Надм. вис. 585 м
Слава Спасовден
Долно Соње на општинската карта
Долно Соње во Општина Сопиште.svg

Атарот на Долно Соње во рамките на општината
Commons-logo.svg Долно Соње на Ризницата

Долно Соње (познато и како Долно Солње) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Поглед на Долно Соње

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Долно Соње е сместено на јужната падина на Водно. Селото е дел од областа Каршијак. Оддалечено е 11,5 километри југозападно од Скопје.

Долно Соње поглед на селото од кај селската црква
Куќа со стара архитектура во Долно Соње.
Куќа со стара камена архитектура во Долно Соње.

Историја[уреди | уреди извор]

Жители на Долно Соње и селото во почетокот на XX век

Во XIX век селото било дел од Скопската каза во рамките на Отоманското Царство.

Црквата Свети Спас во Долно Соње. Во летото 2016 година е срушена и на нејзино место се гради нова црква.
Во чешмата среде село е вградена стара надгробна плоча од римско време

Стопанство[уреди | уреди извор]

Економијата во селото е на ниско ниво и се заснова на една фирма во која се вработени 15 работници, останатата економија е дел од сточарството и земјоделството. Луѓето се претежно вработени во фабрики и мал дел се во компании.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948873—    
1953818−6.3%
1961778−4.9%
1971705−9.4%
1981617−12.5%
ГодинаНас.±%
1991603−2.3%
1994601−0.3%
2002689+14.6%
2021793+15.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Соње живееле 410 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Соње имало 384 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Соње живеат 689 жители, од кои: 678 Македонци, 2 Власи, 4 Срби и 5 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 793 жители, од кои 689 Македонци, 1 Албанец, 7 Власи, 9 Срби, 5 останати и 82 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 410 504 873 818 778 705 617 603 601 689 793
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Соње е македонско село.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:

  • Староседелци: Џуковци (2 к.), Каралковци (3 к.), Баревчиња (6 к.), Митревци (9 к.), Савевци (8 к.), Рустиковци (8 к.),Милевци (14 к.), Бардовчиња (8 к.), Марковци (5 к.) и Поповци (14 к.)
  • Непознато потекло: Бужевци (4 к.), Бадаловци (2 к.), Китевци (3 к.), Соколовци (1 к.), Илиовци (6 к.), Стевановчиња (1 к.), Богдановци (6 к.), Пеќаковци (1 к.) и Димовци (3 к.) не знаат дали се староседелци, или доселени со непозната старина
  • Доселеници: Тодоровциња (2 к.) доселени се од соседното село Барово. Таму имале истоимени роднини; Умаровци (7 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Малезанои (11 к.) родот го основал Стојан Малезан. Тој се доселил од селото Добри Дол; Јовевчиња (2 к.), Алтивој (2 к.) и Зенговци (2 к.) не знаат од каде се доселени.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Општествени установи кои фукционираат во селото се :

  • Основно училиште од прво до четврто
  • Амбуланта

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото е администрирано под раководството на месната заедница, црковниот одбор и општината Сопиште.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Водопадот „Прскало“ знаменитост, постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“.

Водопадот е реткост за околината на Скопје и тоа е причина повечќе туристите да го посетат.

Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите.

Црквите се културно-историско-верско наслетсво кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани,токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите.

Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој. Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои: староста на објектот, староста на фреските, иконте и иконостасот, се доаѓа со цел да се преспие и да воспостави црковна медицина.

Археолошки наоѓалишта[11]
Цркви

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Долно Соње:

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селето има имиграција и тоа луѓето што во минатото мигрирале во градот повторно севраќаат назад. Селото има голем број викендаши. Во минатиот век имало 2-3 семејства кој го напуштиле селото и заминале во Австралија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 206.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Пложен камен темелник на нова црква во село Долно Соње. Архивирано од изворникот на 2016-08-05. Посетено на 2016-03-20.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]