Драчевица (Скопско)
Драчевица | |
![]() Панорама на Драчевица | |
Координати 41°52′56″N 21°26′32″E / 41.88222° СГШ; 21.44222° ИГДКоординати: 41°52′56″N 21°26′32″E / 41.88222° СГШ; 21.44222° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Торбешија |
Население | 305 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1050 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25043 |
Надм. вис. | 490 м |
![]() |
Драчевица — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река, на надморска височина од 490 м. Атарот е ридски и зафаќа површина од 16,7 км2[2] Низ добар дел од атарот тече потокот Тими Дол, кој во северниот дел се влева во реката наречена Река, а таа пак, посеверно, завршува како притока на Маркова Река.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Драчевица е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од градиштето Кале на 1,3 км југоисточно од селото.[3]
Во XIX век Драчевица било албанско село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 г. Драчевица се состоела од 150 Арнаути муслимани.[4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Драчевица (Dračevica) како албанско село.[5]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев ја обележал Драчевица како албанско село.[6]
Сепак, имајќи ги предвид македонските родови иселени од Драчевица во други села, јасно е дека ова село било изворно македонско. Доселените Албанци кои потоа ја спровеле албанизацијата биле дојдени од северна Албанија.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Драчевица има мешовито стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 985,1 ха шуми, 375,4 ха обработливи површини и 263,1 ха пасишта.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во селото Драчевица живееле 150 жители, сите Албанци од муслиманска вероисповед.
Интересен е податокот што на пописите од 1961 и 1971 г. огромен дел од населението се изјаснило како Турци,[7] што оди во прилог на претпоставката дека се работи за Македонци-муслимани (Торбеши). Почнувајќи од 1970-тите населението почнало да се намалува и денес е значајно помало од тогашното. Жителите не се заведени во 1991 г. поради одлуката да го бојкотираат пописот. Во 1994 г. селото имало 380 жители, албанско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Драчевица живееле 250 жители, од кои 248 Албанци и 2 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 305 жители, од кои 1 Македонец, 268 Албанци и 36 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | — | 616 | 655 | 643 | 645 | 584 | 0 | 380 | 250 | 305 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште - тоа се наоѓа на влезот на селото, односно на северниот дел на Драчевица
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Џамии
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — градиште од римско и доцноантичко време
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од Драчевица во подалечното минато се иселиле низа родови. Старите иселеници се македонски, додека поновите се албански. Според истражувања од 1950-тите родовите се следниве (дадени според тековното живеалиште):
- Македонски
- Горно Лисиче, Оп. Аеродром: Дандаровци (2 куќи), доселени таму во првите децении/средината на XIX век. Во периодот 1900-1920 живееле во Трубарево, за потоа многу кратко да живеат во Маџир Маало (иако некои Дандаровци останале сè уште во Трубарево), и на крај повторно да се вратат во Горно Лисиче[14][15]
- Јурумлери, Оп. Гази Баба: Ѓечовци (4 куќи), доселени таму откако прво се преселиле во Драчево[16]
- Албански
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 113. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 372. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ Драчевица — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ Никола Милошевски (галабија Дандаровци). Историски познавања и сеќавања на фамилијата Дандаровци од Горно Лисиче. Пристапено на 20 јуни 2021.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Драчевица (Скопско) на Ризницата
- Сателитска снимка на Драчевица на Карти на Гугл
|