Калдирец
Калдирец — село во Општина Студеничани, Скопско. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Торбешија, на северните падини на Голешница. Лежи од левата страна на Кадина Река, на надморска височина од 740 м.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Калдирец не е заведен како одделно село во разните пописи и прегледи во XIX и почетокот на XX век, што значи дека веројатно бил маало на неко е од околните села.
Демографија[уреди | уреди извор]
На пописот од 1953 г. во селото се заведени 145 жители. Од нив 109 биле „Албанци“ и 36 „Турци“, но речиси сигурно е дека највеќето од нив биле Македонци-муслимани (Торбеши). Ситуацијата се променила во 1961 г. кога населението опаднало на само 40 жители, од кои 35 „Албанци“ и 5 „Турци“. Во текот на 1960-тите селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Калдирец немал ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[3] | 1905[4] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 134 | 145 | 40 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 144. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Калдирец на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|