Домашна овца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Домашна овца
Flock of sheep.jpg
Стадо за истражувања во Американската експериментална станица за овци близу Дубуа (Ајдахо)
припитомен
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Artiodactyla
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Caprinae
Род: Ovis
Вид: O. aries
Биномен назив
Ovis aries
Linnaeus, 1758

Овцата (Ovis aries) спаѓа во редот парнокопитни, и во фамилијата празнороги. Во светот постојат четириесетини раси на овци распространети низ целиот свет, освен на далечниот север. Голем број од овие раси произлегле од муфлонот. Ги има на ливадите и во прериите, на планинските пасишта и на фармите за добиток. Тежината и големината многу варираат од една од друга раса. Просечна овца е долга 1,50 метри и висока 90 см. Тежината и се движи од 90 до 150 килограми. Може да се размножува штом ќе наполни една и пол година. По 150 дена од спарувањето, женката обично раѓа едно јагне. Доењето трае 4 месеци. Овцата е тревопасен преживар: зиме останува во трлото и се храни со сено и со зрнеста храна од житни растенија, напролет се напасува на пасишта. Во планинските предели сè уште се практикува летна преселба на стадата од пониски предели на бачила.

Овцата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Овцата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 9.
  2. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 38-40.