Прерија

Прерија (од фр. prairie = ливада) е биом сочинет од пространа рамнина обрасната со треви и без дрвја[1]. Се одликува со умерена клима и умерени врнежи од дожд. Вакви се и пампите во Јужна Америка и степите во Евроазија.
Подрачјата што го носат името „прерии“ обично се среќаваат во Северна Америка, поточно сите т.б. „внатрешни низини“ во САД, Канада и Мексико, каде спаѓаат Големите Рамнини како и повлажните и поридести предели на исток. Во САД, ваквите предели предоминираат во Северна Дакота, Јужна Дакота, Небраска, Канзас и Оклахома, и значајни делови од Монтана, Вајоминг, Колорадо, Ново Мексико, Тексас, Мисури, Ајова, Илиноис, Индијана, Висконсин и западна и јужна Минесота. Централната Долина во Калифорнија исто така е прерија. Канадските Прерии заземаат огромни површини од Манитоба, Саскачеван и Алберта.
Преријата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Прериска роза“ (Prairie Rose) - песна на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.[2]
- „Прериски пожар“ (Prairie Fire) - песна на американската рок-група „Лонг рајдерс“ (The Long Ryders) од 1987 година.[3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „прерија“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет
- ↑ YouTube, Roxy Music - Country Life (1974) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 27.12.2017)
- ↑ DISCOGS, The Long Ryders – Two Fisted Tales (пристапено на 23.8.2019)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Институт за прериски рамнини (англиски)
- Важноста на пожарот за прериите (англиски)
|