Степа
Степа (од руски: степь) — екорегион во облик на пространа рамнина без дрва, обрасната со треви и растенија што поднесуваат суша.[1] Преријата (особено нискотревната и мешаната) е исто така пример за степа. Ваквите предели можат да бидат полупустински, или прекриени со треви, грмушки или обете, зависно од годишното време и географската ширина. Климата во степите е пресува за да има шуми, но сепак недоволно сува за да бидат пустини. Степската почва е црница.
Во Македонија денес преостануваат три степски подрачја, подобро опишани како „псевдостепи“. Тие се Ќучук Кол, Сландол и Богословец.[2]
Подрачјата со степи се одликуваат со полупустинска и континентална клима. Лете се јавуваат врели температури како 40 °C, а зиме се спуштаат до –40 °C. Постои и голема разлика помеѓу денот и ноќта — во монголските висорамнини денската температура може да изнесува 30 °C, а ноќната да падне под нулата.
Степите на средни географски ширини се одликуваат со врели лета и студени зими, и просечни годишни врнежи од 250–500 мм. Дали едно подрачје има степска клима не зависи само од количеството на врнежи, туку и од потенцијалната евапотранспирација.
Два вида на степи
[уреди | уреди извор]Two types of steppe can be recorded:[3]
- умерена степа (вистинска степа) — се среќава во континентални краишта низ светот; може да има повеќе подвидови, како кај Карпестите Планини[3]
- суптропска степа — предели со сличи растителни заедници во најсувите делови на пределите со средоземна клима; обично имаат кус врнежлив период.
Необични видови степи се грмушестата и планинската.
Места
[уреди | уреди извор]Студена степа
[уреди | уреди извор]Најголемото степско подрачје на светот, наречено „Големата Европазиска Степа“ е сместено во Источна Европа и Средна Азија, протегајќи се од Украина на запад, преку Русија, Казахстан, Туркменистан и Узбекистан до венците Алтај, Копет Даг и Тјеншан.
Степата преовладува во внатрешните делови на Анадолија во Турција (особено Средна и Источна, но и делови од Југоисточна Анадолија) како и големи делови од Ерменија и Иран.
Друг пример за степски предели во источна Европа се оние во унгарскиот дел Панонската Низина
Голема степска површина (прерија) се среќава во среднишниот дел на САД и западна Канада. Нискотревната прерија во најзападниот дел на Големата Низина. Друг пример за северноамерикански степи се пустелиите во јужна Британска Колумбија и Вашингтон.
Во Јужна Америка, студената степа се среќава во Патагонија и високите предели во јужниот дел на Андите.
Во Океанија среќаваме само една, релативно мала степа на Јужниот Остров на Нов Зеланд.
Суптропска степа
[уреди | уреди извор]Во Европа, некои средоземни подрачја имаат прилично степска вегетација. Вакви се Сицилија, јужна Португалија, округот Јужна Атина во Грција,[4] средишниот дел на источна Шпанија, особено југоисточното крајбрежје (околу Мурсија), и други места во Шпанија без доволно врнежи поради дождовната сенка како што е Сарагоса.
Во Азија, суптропската степа се среќва во полупустинските предели како краевите на пустината Тар на индискиот потконтинент.
Во Австралија, суптропската степа образува појас околу најсувите пустини и околу венецот Масгрејв.
Во Северна Америка, ваквите живеалишта претставуваат преод од средоземните кон пустинските предели. Такви се подрачјата на Рено во Невада, внатрешниот дел на Калифорнија и голем дел од Западен Тексас и соседните подрачја во Мексико.
Степата како тема во уемтноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Лазурна степа“ - расказ на рускиот писател Михаил Шолохов од 1926 година.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Степска клима
- Лесостепа
- Поле
- Прерија
- Мера
- Ливада
- Пасиште
- Пампа
- Рамница
- Низина
- Савана
- Тундра
- Пуста
- Плавна ливада
- Велд
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „степа“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ Melovski; и др. (2013). „Regional division of the Republic of Macedonia for the needs of biological databases“. Macedonian Journal of Ecology and Environment. Скопје: Македонско еколошко друштво. 2 (15): 100. ISSN 1857-8330.
- ↑ 3,0 3,1 Еколошки подрегиони на САД
- ↑ „HNMS“. Hnms.gr. Архивирано од изворникот на 2007-03-12. Посетено на 2013-09-08.
- ↑ „Бостанџија“, во: Михаил Шолохов, Донски раскази. Култура, Скопје, 1965, стр. 84-95.
- Ecology and Conservation of Steppe-land Birds by Manuel B. Morales, Santi Mañosa, Jordi Camprodón, Gerard Bota. International Symposium on Ecology and Conservation of steppe-land birds. Lleida, Spain. December 2004.ISBN 84-87334-99-7
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Степа“ на Ризницата ? |
- Степи — Енциклопедиски речник „Брокхаус и Ефрон“ (1890—1907) (руски)
- Степи на Русија (руски)
|