Богословец
- За истоимената планина видете Богословец (планина)
Богословец | |
![]() Гравура на Ѓаволски Ѕид кај Богословец со замислени градби, 1842 г. | |
Координати 41°46′23″N 22°01′19″E / 41.77306° N; 22.02194° EКоординати: 41°46′23″N 22°01′19″E / 41.77306° N; 22.02194° E | |
Регион | ![]() |
Општина | Свети Николе |
Област | Овче Поле |
Население | 4 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 24004 |
Надм. вис. | 452 м |
Богословец — село во крајниот југ на Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Богословец — село во областа Овче Поле, и тоа е планинско село кое се наоѓа на нмв од 452 м. Од западната страна граничи со селата Делисинци и Аџибегово, од исток со селото Доброшани, од север со Кадрифаково и Амзабегово, а од југ со Јамуларци.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век век Богословец се наоѓало во Штипската каза на Отоманското Царство и броело 320 жители.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 4 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Населението низ историјата[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 360 | 320 | 542 | 609 | 135 | 3 | 2 | 2 | 4 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Богословец е старо чисто македонско православно село, кое е пред целосно изумирање. Народната традиција наведува дека во минатото Богословец постоело на местото наречено Старо Село, но таму се случил пустеш од Турците, по кое останале 4 семејства, кои го основале Богословец на денешното место.[5]
Родови во Богословец се: Галевци (3 к.), Чолаковци (3 к.), Џаневци (4 к.), Ивановци (3 к.), Ѓелевци (9 к.) и Димовци (7 к.), сите наведени родови се староседелски кои живееле во старото село Богословец; Гроздановци (5 к.), доселени се од селото Долно Црнилиште, и таму се однекаде доселени, можно е да се од околината на Кочани; Темелковци (1 к.), доселени се од селото Ерџелија, подалечното потекло им е непознато; Ќосевци (7 к.), доселени се од селото Мустафино, и таму се однекаде доселени; ’Ржанковци (4 к.) доселени се од „Арнаутлок“, под арнаутлок се подразбира територијата западно од Скопје; Ефремовци (2 к.) и Митревци (3 к.), доселени се однекаде.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Градешка Чешма — населба и некропола од римско време;
- Џиванка — некропола од доцноантичко време;
- Долно Кале — античка македонска тврдина;
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во изборното место бр. 1701 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Амзабегово. Во изборното место се опфатени и населените места: Богословец,Амзабегово и Делисинци.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 395 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Арсо Илиев (1860-1905) — револуционер на ВМРО, четник на Атанас Бабата
- Дане Георгиев (1897-1922) — деец на ВМРО, убиен во ноември 1922 г. од органи на полицијата во судир на ВМРО со владата на Александар Стамболијски.[9]
- Јованче — деец на ВМРО[10]
- Јорде Чолаков — револуционер, деец на ВМРО, починал пред 1918 г.[11]
- Сане Арсов — револуционер, деец на ВМРО, починал пред 1918 г.[11]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
- ФК „Рудар“ (1950-1965) со играчите Благоја Златев, Стојмир Динев, Круме Митковски, Русе Коцев, Ангел Коцев, Момир Грозданов, Ангел Ристов
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Низ годините огромен број од жителите на селото се иселиле,така се познати следните иселеници; Колевци (3 к.) Грашовци (3 к.),Саздовци (3 к.),Начовци (3 к.),Стоиловци (1 к.),Пушка (2 к.),Даскаловци (1 к.),Митковци (1 к.) Домазетовци (1 к.),Шутаровци (5 к.) и Гавриловци (1к.) во периодот од 1924 до 1939 се иселиле во соседното село Амзабегово;Ристо Коле (3 к:),Пане Риба (1 к.),Дане Ване (2 к.),Лазаровци (1 к.) и Ване Даче (1 к.) се иселиле во селото Делисинци; Пушковци (2 к.) околу 1925 се иселиле во селото Пеширово;Златковци (1 к.) 1943та се иселиле во Сарамзалино;Андоновци (1 к.) гранка на родот Гроздановци се иселиле во селото Врсаково после Првата светска војна.Во XIX век во Скопје се иселил родот Врлевци; Од крајот на Втората светска војна населението се иселило во Скопје (7 к:),Штип (1 к.) и Велес (1 к.).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина. стр. 666-667–668-669.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 709.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 712.
- ↑ 11,0 11,1 Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 104.