Википедија:Појаснување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.

Појаснување — процес на Википедија за разрешување на конфликти кои се појавуваат кога еден термин има повеќе значења — кога се однесува на повеќе од едно значења со статија на Википедија, кое може да биде главниот предмет на статијата или помал предмет во статијата. Со други зборови, страниците за појаснување на Википедија постојат да ги соберат сите одредници кои постојат за тој термин.

На пример, зборот „Македонија“ може да се однесува на државата, регионот или градот во Охајо, како и на други работи. Мора да постои начин на кој читателите и посетителите на Википедија ќе дојдат до посакуваната статија, па поради тоа се создава статија за сите одредници со овој поим (видете Македонија (појаснување))

Поврзано[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]