Википедија:Сопствеништво на статии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:СОПСТВЕНО
ВП:СОПСТВЕНИШТВО
Најважното од страницава: Не поседуваш статиии (ниту предлошки или други елементи од Википедија). Ако создадеш или уредиш статија, знај дека и други ќе ја уредуваат и не смееш да ги спречиш да го прават тоа.
Петте столба
Начела за поведение
Етика
Учтивост
Претпоставете добра волја
Илустрирање поента
Консензус
Агитирање
Уредувачки војни
Без лични напади
Вандализам
Внимателно со новодојденците
Сопствеништво на статии

Некои корисници се многу приврзани кон статиите или содржините на Википедија и времето покажало дека голем број од нив се борат да спречат останати корисници да ги уредуваат. Едно е да си посветен кон одредена тема и да сакаш да пишуваш за неа или пак си експерт за одредена тема, но тоа не дозволува да ги спречиш останатите корисници да ги уредуваат статиите. Тоа е честа грешка која се случува на Википедија.

Не можеш да ги допреш корисниците да ги уредуваат „твоите“ статии, и токму поради тоа важи едно правило:

  • Ако не сакаш твоите материјали да бидат уредувани или повторно дистрибуирани од други, не ги објавувај материјалите.

Исто така:

  • Ако не сакаш твоите идеи (организација, стил, естатика и сл.) да бидат разгледувани и поправани од останатите корисници, не ги објавувај на Википедија.

Ако работиш на одреден проект на Википедија тоа не значи дека ги поседуваш статиите и е доста важно да го почитуваш мислењето и на останатите корисници.

Не го потпишувај тоа што не го поседуваш[уреди извор]

Поради тоа што никој не поседува дел од текст или статија, не смееш да се потпишуваш на статиите. Како мала награда, вашето име се појавува во самата историја на статијата.

Од друга страна, кога се додаваат коментари на страните за разговор, тогаш добро е да го поседуваш тектот односно да се потпишеш со додавање на "~~~~"

Видови на сопствеништво[уреди извор]

Има два вида конфликти на сопствеништва помеѓу корисниците на Википедија: оние кои се вклучени како „примарни уредувачи“ и оние кои се вклучени како повеќекратни уредувачи.