Википедија:Правило на тројно враќање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:3РР
ВП:ПТВ

Правилото за тројно враќање (често користено како 3РР) е:

Корисникот не смее да изведе повеќе од три враќања на една статија во период од 24 часа, без разлика дали уредувањата го вклучуваат истиот материјал, освен некои исклучоци (видете подолу).

Ова правило е дел од правилата на Википедија чија цел е да се спречи уредувачкото војување и важи за сите Википедијанци.

Корисниците кои не се придржуваат кон ова правило можат да добијат блокирање од над 24 часа. Администраторите се стремат да даваат подолги блокови во случај на повторно прекршување на правилото, а при тоа можат да се земат во предвид и останати фактори како цивилноста. Кога се случува прекршување на правилото од повеќе корисници, тогаш блокирањето се изведува за сите инволвирани корисници.

Користење на ова правило[уреди извор]

Страна е секоја страна на Википедија, вклучувајќи ги и страните за разговор. Враќање е секое враќање, вклучувајќи ги и администраторските уредувања, кои ги враќаат уредувањата на останатите корисници целосно или делумно. Сериско враќање на зачувани уредувања од еден корисник, а при тоа да нема уредување помеѓу нив од друг корисник тоа се смета за едно уредување.

Ова правило се користи за личност не за сметка, враќања направени од неколку сметки заедно. Исто така, ова правило се употребува за страна, односно се користи само ако корисникот направил три враќања на една статија.

Исклучоци[уреди извор]

Поради фактот што ова правило се користи за спречување на уредувачко војување, враќањата што се јасно видливи дека не се дел од војувањето не се опфатени со ова правило.

Исто така со ова правило не се опфатени сопствените враќања на корисникот.

Следните уредувања не се опфатени со ова правило и се сметаат за исклучоци:

  • враќање на свои уредувања
  • враќање на очигледен вандализам
  • враќање од страна на банирани корисници.
  • враќање на уредување што не е во согласност со сопственичките права и неслободна содржина.
  • враќање на уредувања што се јасно видливи дека се нелегални, како што се детска порнографија и неслободни програми.
  • враќање на уредување што не е проверливо, нема доволно поддржани научни факти или слаби научни факти