Википедија:Начела за кориснички имиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:КОРСМЕ
ВП:СМЕТКА
ВП:ИМЕСМЕТКА
Најважното од страницава: Кога се избира име на корисничка сметка, избегни имиња кои можат да бидат навредливи, збунивачки или промотивни. Користи само една корисничка сметка.

Принципите за кориснички сметки опишуваат прифатливи чекори при именување и користење на корисничка сметка на Википедија. Можете да направите една корисничка сметка ако сè уште немате направено. Создавање корисничка сметка овозможува придобивање на повеќе бенефити.

Неприфатливи имиња на кориснички сметки[уреди извор]

Википедија не дозволува користење на имиња на кориснички сметки што се промотивни, навредливи, пропагандни и навредливи. Исто така се забранети домеин имиња и адреси на електронска пошта.

  • Залажувачки кориснички сметки наведуваат релевантни и залажувачки информации за придонесувачот. На пример, невистинити факти, или коментар дека сметката е раководена од група на луѓе, проект или колектив, одошто еден единствен корисник.
  • Промотивни имиња на кориснички сметки се користени за промовирање на група или компанија на Википедија.
  • Навредливи имиња на кориснички сметки создаваат штетни потешкотии или невозможни уредувања на заедницата.
  • Нарушувачки имиња на кориснички сметки вклучуваат тролување или лични напади, деперсонализација или друг вид на обид за наручување на Википедија.

Овие правила важат за имињата на корисничките сметки и за потписите.

Справување со неприфатливи имиња на кориснички сметки[уреди извор]

Корисничките сметки кои се очигледно неприфатливи на Википедија треба да се блокираат од било кој администратор.


Администраторите можат да блокираат корисничка сметка ако:

  • Корисничката сметка е видно неприфатлива за Википедија и ја зафаќа само таа корисничка сметка.
  • Вознемирувачки кориснички сметки кои се направени само за да создаваат неволји и ваквите сметки се блокираат за секогаш.
  • Секој корисник кој придонесувал вознемирувачки и нарушувачки може да се блокира и при тоа да се земе во предвид неговото име на корисничката сметка. Во таков случај корисничката сметка се блокира за секогаш.

Неприфатливите кориснички сметки кои немале направено придонеси не треба да се известат дека биле блокирани.