Прејди на содржината

Википедија:Биографии на живи личности

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:БЖЛ
ВП:БНЖЛ
ВП:ЖИВИ
Најважното од страницава: Материјалот за живи личности мора да биде напишан со најголема грижа и внимание кон проверливоста и неутралноста и со избегнување на свои истражувања.
Петте столба
Начела за содржина
Именување на статии
Биографии на живи личности
Неутрална гледна точка
Без свои истражувања
Проверливост
Што не е Википедија
Значајност
Поврзано
* Што не е Википедија

Уредувачите мора многу да внимаваат при додавање на информации за живи личности на било која страница на Википедија.[1] Таквиот материјал е многу осетлив, бидејќи мора строго да се придржува кон сите важечки закони во Соединетите Американски Држави[2], ова начело, како и кон трите основни начела на Википедија во поглед на содржината:

Статијата мора да биде исправна. Имајте цврст став за употреба на висококвалитетни извори. Сите цитати и било кој материјал чија точност е предизвикана или има шанса да биде предизвикана мора да биде поткрепена од веродостоен, издаден извор користејќи наведувајќи го паралелно со текстот. Сомнителен материјал за живи личности за кој не е цитиран извор или за кој има цитирано слаби извори, без разлика дали материјалот е позитивен, негативен, неутрален или само чуден, треба веднаш да се отстрани без чекање на каква било дискусија.[3] Корисниците кои постојано и упорно го прекршуваат ова начело можат да бидат блокирани од уредување.

Биографииите на живи личности (БНЖЛ) мора да бидат напишани конзервативно и со разбирање за приватноста на лицето. Википедија е енциклопедија, таа не е таблоид: задачата на Википедија не е да биде сензационална или да биде првата која ќе рашири гласини за животите на луѓето, па затоа секогаш треба да се помисли на можноста за правење штета на луѓе кои се живи при донесувањето на некоја уредувачка одлука. Ова начело се однесува на БНЖЛ дури и кога има живи личности кои се спомнуваат во биографија, а кои не се предметот на статијата.

Стил на пишување

[уреди извор]

Статија за жива личност треба да биде напишана одговорно, внимателно и со непристрасен тон, да се избегнува потценување, но да се избегнува и претерување. Статиите треба да се документираат на непристрасен начин со веродостојни секундарни извори објавени за личностите, а во некои околности што објавиле / изјавиле во интервју за себе самите личности за кои е статијата. Не ги етикетирајте луѓето со контроверзни етикети, пренатрупан јазик или термини на кои им недостасува прецизност, освен ако некое лице не е вообичаено опишано на тој начин во веродостојните извори. Наместо тоа, користете јасен, директен јазик и оставете само фактите да зборуваат.

Критиките и пофалбите може да бидат вклучени ако можат да се наведат сигурни извори, сè додека материјалот е презентиран одговорно, конзервативно и со незаинтересиран тон. Не давајте непропорционален простор на одредени гледишта, а ставовите на малубројните малцинства воопшто не треба да бидат вклучени. Мора да се внимава на структурата на статијата за да се осигура дека целокупната презентација и насловите на деловите се генерално неутрални. Внимавајте на тврдењата што се потпираат врз вина преку асоцијација и пристрасна, злонамерна или премногу промотивна содржина.

Идејата дека секоја статија на Википедија е работа во тек, и дека затоа е во ред статијата да биде привремено неурамнотежена затоа што на крајот ќе се оформи - не се однесува на биографиите. Со оглед на нивното потенцијално влијание врз животот на личноста во биографијата, биографиите мора да бидат фер во секое време.

Страниците што се без извори и со негативен тон, особено кога се чини дека се создадени првенствено за да се омаловажи личноста, треба веднаш да се избришат ако нема верзија што е во согласност со политиката за враќање. Доколку ја забележи некој што не е администратор, треба да ја означи таквата статија со {{бб|причина}}. За оној што создава ваква страница, особено кога се повторува или е со лоша намера, треба да следува моментално блокирање.

Проверливи и сигурни извори

[уреди извор]

Политиката за извори на Википедија, Проверливост, вели дека сите цитати и секој материјал што е оспорен или веројатно ќе биде оспорен, односно материјалот што не е објавен од страна на значаен (угледен) извор, може да се отстрани. Оваа политика го проширува тој принцип, додавајќи дека контроверзниот материјал за живи личности што е без извори или со слаби извори треба веднаш да се отстрани и без дискусија. Ова важи без разлика дали материјалот е негативен, позитивен, неутрален или само сомнителен, и дали материјалот е во биографија или во некоја друга статија. Таквиот материјал не треба да се додава во статија кога единствените достапни извори се таблоидно новинарство. Кога материјалот е и проверлив и вреден за споменување, тој ќе се појави во посигурни извори.

Избегнувајте злоупотреба на примарни извори

[уреди извор]

Бидете исклучително внимателни при користење на примарни извори. Не користете записници од судски процеси и други судски записи или други јавни документи за да поткрепите тврдења за жива личност. Не користете јавни записи што вклучуваат лични податоци, како што се датум на раѓање, вредност на домот, сообраќајни казни, регистрации на возила и домашна или деловна адреса. Кога материјалот од примарен извор е дискутиран од сигурен секундарен извор, може да биде прифатливо да се потпрете на него за да го дополните секундарниот извор, во согласност со ограничувањата на оваа политика, без свои истражувања и другите политики за извори.

Избегнувајте самообјавени извори

[уреди извор]

Никогаш не користете самообјавени извори (вклучувајќи книги, списанија, интернет страници, блогови, подкасти или објави на социјалните мрежи) како извори на материјал за жива личност, освен ако не се напишани или објавени од самото лице. „Самообјавени блогови“ во овој контекст се однесува на лични и групни блогови. На пример, не се однесува на реномирана организација која објавува материјал за тоа кого вработува или на кого доделува награди и зошто доделува награди. Некои новински организации водат колумни на интернет и ги нарекуваат блогови, и тие може да бидат прифатливи како извори, сè додека оние што ги пишувале се професионалци, и блогот е предмет на целосна уредничка контрола на весникот. Објавите и коментарите оставени од читателите, никогаш не се прифатливи како извори.

Користење на темата како самообјавен извор

[уреди извор]

Постојат живи личности кои објавуваат материјал за себе, како на пример преку соопштенија за медиумите или лични интернет страници. Таквиот материјал може да се користи како извор само ако:

  1. не служи како самофалење и самопромоција;
  2. не вклучува тврдења за трети страни;
  3. не вклучува тврдења за настани што не се директно поврзани со личноста;
  4. не постои основано сомнение за неговата автентичност; и
  5. статијата не се базира првенствено врз такви извори.

Овие правила не важат за автобиографии објавени од сигурни и независни издавачки куќи, бидејќи тие не се дела чиј автор и издавач се исти.

Избегнувајте озборувања

[уреди извор]

Не внесувајте озборувања во статиите. Секогаш прво прашајте се: Дали изворот е веродостоен? Дали материјалот е вистинит? И, дури и ако е вистинит, дали е релевантен за неутрална статија за личноста за која е статијата? Внимавајте на изворите што го припишуваат материјалот на анонимни извори. Исто така, внимавајте да не користите извор што ги зел информациите директно од Википедија, а потоа да го користите истиот извор како извор за статијата на Википедија.

Отстранете го спорниот материјал што нема извори или е со слаби извори

[уреди извор]

Веднаш отстранете го секој контроверзен материјал за жива личност кој:

  1. нема извори или има слаби извори;
  2. е оригинална интерпретација, односно анализа или синтеза на извори (видете исто така Википедија:Без свои истражувања);
  3. се потпира на самообјавени извори, освен ако не се напишани од личноста за која се однесува статијата (видете Користење на темата како самообјавен извор погоре); или
  4. се потпира врз извори кои на некој друг начин не ги исполнуваат стандардите за проверливост.

Забележете дека правилото за трипати враќање на објавен дел не се однесува на вакви отстранувања, и се смета за исклучок, но она што се смета за исклучок според БЖЛ може да биде контроверзно. Уредниците кои ќе влезат во уредувачка војна поради потенцијално клеветнички материјал за живи личности, треба да размислат да го покренат прашањето на страница за разговор или селска чешма во врска со биографијата на живо лице, наместо да се потпираат на исклучокот.

На администраторите им е дозволено да спроведат отстранување на јасни прекршувања на БЖЛ со заштита на страницата или со блокирање на прекршителот/прекршителите, дури и ако тие самите ја уредувале статијата или се вклучени на некој друг начин. Доколку случајот не е сосема јасен, администраторот треба да побара да се вклучи помалку заинтересиран администратор на ваквата тема.

Дополнителна литература, Надворешни врски и Поврзано

[уреди извор]

Надворешните врски за живи луѓе, без разлика дали се во БЖЛ или во друга статија, мора да исполнуваат повисоки стандарди од другите теми. Сомнителните извори или изворите чиј автор е и издавач не треба да бидат вклучени во делот „Надворешни врски“, а кога се вклучени во други статии, осигурајте се дека материјалот кон кој е насочен читателот не го прекршува ова правило. Изворите чиј автор и издавач се исти, или чиј автор е предмет на БЖЛ може да бидат вклучени во деловите „Дополнителна литература“, но со голема внимателност. Општо земено, не поставувајте врски до интернет страници што го прекршуваат ова правило или ја прекршуваат политиката за надворешни врски. Доколку таа политика е во спротивност со оваа или која било друга политика, напатствието има предност.

Претпоставка во корист на приватноста

[уреди извор]

Избегнувајте приказ на жртва

[уреди извор]

Кога се пишува за личност значајна само за еден или два настана, вклучувањето на секој детаљ може да доведе до проблеми - дури и кога материјалот е добро наведен. Кога се сомневате, биографиите треба да се сведат на верзија која е целосно неутрална и соодветна на темата. Ова е од особено значење кога се работи за живи личности чија значајност произлегува во голема мера или целосно од тоа што биле жртви на туѓи постапки. Уредниците на Википедија не смеат да дејствуваат, намерно или на друг начин, на начин што претставува продолжување или зголемување на виктимизацијата, односно прикажувањето на личноста како жртва.

Јавни личности

[уреди извор]

Во случај на јавна личност, ќе има повеќе доверливи извори, а БЖЛ треба едноставно да документира што известуваат тие извори. Ако тврдењето или инцидентот е значаен, релевантен и добро документиран, тој треба да биде во статијата - дури и ако е негативен и лицето за кое се известува не сака настанот воопшто да се спомене. Ако не можете да најдете повеќе доверливи независни извори што го документираат наводниот инцидент или тврдење, тогаш изоставете го.

Пример: „Разводот на Петар и Марија беше вистински скандал“. Изоставете го делот „ вистински скандал“ и држете се до фактите: „Петар се развел од Марија“.

Пример: Политичар е обвинет за вмешаност во афера. Тој го негира тоа, но весници што се сметаат за големи сигурни извори, како и другите весници ги објавуваат обвинувањата и избувнува скандал. Обвинувањата треба да бидат во статијата, со цитиран извор. Ако личноста го негира тоа, тогаш и негирањето треба да се спомене во статијата исто така.

Релативно непознати личности

[уреди извор]

Википедија содржи биографски материјал за луѓе кои се доволно значајни за да оправдаат статии за нив, но кои не се широко познати. Во такви случаи, ве молиме воздржете се од вклучување материјал што не е релевантен за она што ги прави познати, и фокусирајте се на висококвалитетни секундарни извори. Материјал објавен од лицето кое е предмет на статијата може да се користи, но внимателно (видете погоре). Материјалот што може негативно да влијае врз угледот на лицето кое е предмет на статијата, треба да се третира со посебна грижа. Во многу земји, повторената клевета е казнива со закон, а постојат и дополнителни заштити за луѓе кои не се јавни личности.

Приватност на лични податоци и користење на примарни извори

[уреди извор]

Поради зголемена злоупотреба и кражба на идентитет, луѓето сè повеќе ги сметаат своите вистински имиња и датуми на раѓање за приватни информации. Википедија ги вклучува целосните и вистинските имиња и датуми на раѓање кога тие се објавени од сигурни извори или извори блиски до личноста на таквата статија, па затоа е сосема разумно да се претпостави дека личноста нема приговор за објавувањето на овие информации. Не може да бришеме лични податоци по барање на личноста доколку се јавно достапни во веродостојни извори. Но, доколку личноста на која се однесува статијата се спротивставува на објавувањето на датум на раѓање, а податоците не биле претходно објавени од веродостојни извори, бидете внимателни и наведете ја само годината на раѓање. Исто така, статиите не треба да ја содржат адресата, електронската пошта, телефонскиот број или други контакт информации на личноста за која станува збор, но генерално е дозволено да се вклучи линк до официјалната интернет страница на личноста во делот „Надворешни врски“, иако тој линк може да ги содржи горенаведените информации.

Доколку различни извори даваат различни податоци за датум на раѓање на личноста, не смее да се користи свое истражување за да се дојде до вистинскиот датум на раѓање.

Треба да се внимава при идентификување на личности кои се споменати првенствено во однос на еден настан. Кога името на жива личност не е широко распространето или е намерно скриено, како на пример во одредени судски случаи или занимања, често е подобро да се изостави, особено кога тоа не е пречка за темата. При одлучувањето дали да се вклучи име, објавеното име во научни списанија или во работата на признати експерти, треба да добие поголема тежина отколку кратки појавувања во вестите. Размислете дали вклучувањето на имиња на живи личности кои не се директно вклучени во темата на статијата, додава значајна вредност или не.

Погледнете го делот погоре за злоупотреба на примарни извори за добивање лични информации за личноста што е предмет на статијата.

Неименување на трансродови лица и погрешно родово наведување

[уреди извор]

Дали ќе се отстрани име или погрешно именување на жива личност која е трансродово лице, е прашање на уредничка проценка доколку веќе се појавило во сигурни извори. Исто така, дали ќе се користи бришење на промените, зависи од контекстот.

Луѓе кои се познати само по еден настан

[уреди извор]

Википедија не се вести, ниту неселективно собирање информации. Со тоа што некој бил спомнат во вестите, не значи дека треба да добие статија на Википедија. Генерално треба да избегнуваме да имаме статија за некое лице кога се исполнети сите три услови:

  1. Сигурните извори го опфаќаат лицето само во контекст на еден настан.
  2. Лицето е, и веројатно ќе остане личност што не е значајна. Биографиите во овие случаи можат да му дадат прекумерна тежина на настанот, и да се спротивстават на неутралната гледна точка. Во такви случаи, обично е подобро да се спојат информациите и да се пренасочи името на лицето кон статијата за настанот.
  3. Настанот не е значаен, или пак улогата на личноста не била значајна или не била добро документирана. Џон Хинкли, на пример, има посебна статија бидејќи единствениот настан со кој бил поврзан, обидот за атентат врз Реган, бил значаен, а неговата улога била и значајна и добро документирана.

Луѓе обвинети за криминал

[уреди извор]

Жива личност обвинета за кривично дело се смета за невина сè додека не биде осудена од суд. Обвинувањата, истрагите, апсењата и обвиненијата не претставуваат осуда. За оние кои не се јавни личности - односно лица кои не се опфатени со напатствијата за јавни личности - уредниците генерално не треба да вклучуваат текст што сугерира дека лицето е осомничено, е лице од интерес или е обвинето за вршење на кривично дело, освен ако не е обезбедена осуда за тоа кривично дело или повеќе доверливи извори веќе го објавиле името на обвинетиот во врска со кривичното дело. Исто така, едно лице не треба да биде именувано како сторител на кривично дело пред осудата или повеќе доверливи извори кои наведуваат дека вклученото лице го извршило споменатото кривично дело. Имињата или досиејата на лица идентификувани како лица од интерес не треба да бидат вклучени во написот.

Доколку различните судски постапки резултираат со навидум контрадикторни исходи кои не се поништуваат едни со други, вклучете доволно објаснувачки информации.

Примена на правилото за БЖЛ

[уреди извор]

БЖЛ се применува насекаде на Википедија каде што се споменуваат живи личности, вклучувајќи страници за разговор, описи на уредувања, кориснички страници, слики и категории. Не се однесува на починати лица или корпорации кои повеќе не постојат, но видете ги следните упатства што се однесуваат на овие области.

Контроверзниот материјал за живи личности кој не е наведен или е лошо наведен и не е релевантен за темата на статијата, треба да се отстрани, да се избрише или да се скрие, по потреба. Кога барате совет дали да вклучите информации за жива личност, внимавајте да не дадете премногу информации на страницата за разговор, за да не се претвори вашето барање во дискусија. Истиот принцип важи и за проблематичните слики. Проблематичните прашања што веќе се дискутирани може да се отстранат со упатување на претходната дискусија.

Политиката на БЖЛ важи и за корисничките страници и нивните страници за разговор. Единствен исклучок се информациите и тврдењата што самите корисници сакаат да ги направат за себе во својот кориснички простор, под услов да не се претставуваат како друго лице и да не се тие изјави во спротивност на она што не е Википедија. Сепак, на малолетниците им се советува да не ги откриваат своите лични информации на своите кориснички страници. Иако оваа политика важи за пораки за Википедијанци во именскиот простор на проектот, дозволена е одредена слобода за олеснување на администрацијата на заедницата, но администраторите можат да го избришат таков материјал ако е клеветнички или ја прекршува политиката Без лични напади.

Кориснички имиња

[уреди извор]

Корисничките имиња што содржат клеветнички, очигледно лажни или спорни изјави или материјал за живи лица треба веднаш да бидат блокирани и отстранети од сите промени. Ова ги вклучува корисничките имиња што откриваат каков било вид информации што не се јавни, приватни или лично идентификувачки информации за живи лица, без оглед на легитимноста на информациите и дали информациите се точни или не. Барањата за отстранување на таквите кориснички имиња треба да се пријават до оние со право на бришење на ревизија.

Сликите од живи личности не треба да се користат надвор од контекст за да се прикаже тоа лице во лажно или неповолно светло. Ова правило особено важи за слики од полициски евиденции или ситуации во кои лицето не очекувало да биде фотографирано. Сликите од живи личности направени од Википедијанци или други лица, можат да се користат само ако сликите се поднесени под лиценца што е компатибилна со политиката за слики на Википедија.

Сликите, цртаните филмови или карикатурите генерирани од вештачка интелигенција не треба да се користат за илустрација на статија која е БЖЛ. Сепак, ова може да е предмет на консензус за секој случај поединечно.

Категории, списоци, предлошки

[уреди извор]

Имињата на категориите се самообјаснувачки, па затоа вклучувањето на одредена биографија во одредена категорија мора да биде оправдано со соодветен текст кој има сигурни извори во самата статија. Категоризацијата на живите личности според религија или сексуална ориентација не треба да се прави освен ако лицето чија биографија е во прашање јавно не ја декларирало својата припадност кон одредена религија или сексуална ориентација, и ако религиозната и сексуалната ориентација на тоа лице се поврзани со неговиот јавен живот или се важни фактори во одредувањето на нивното енциклопедиско значење, според сигурни објавени извори.

Сепак, треба да се внимава со категориите што наведуваат на лоша репутација на некоја личност, како на пр. Категорија:Криминалци и нејзините поткатегории може да се додадат во статија само ако:

  1. инцидентот во кој било вклучено лицето е релевантен за неговото енциклопедиско значење;
  2. ако инцидентот е документиран од објавени независни и сигурни извори;
  3. ако лицето е осудено за делото што му се припишува;
  4. ако пресудата не е обжалена.

Овие принципи важат подеднакво за списоците, предлоѓките за навигација и инфокутиите (кои се однесуваат на живи луѓе и на која било страница на Википедија) што се базираат на религиозна припадност, сексуална ориентација или сугестии за лоша репутација.

Скоро починати личности

[уреди извор]

Ова правило не важи за личности за кои е докажано дека се починати. Ова правило важи за секое лице родено пред помалку од 115 години, освен ако не постојат проверени и сигурни извори што потврдуваат дека личности е почината. Лицата над 115 години се сметаат за починати, освен ако во веродостојни извори не постари од една година не е наведено дека се живи.

Сепак, материјалот за починати лица што се однесува и на нивните живи роднини или пријатели, особено во случај на лица кои неодамна починале, подлежи на ова правило. Секој сомнителен материјал за живи личности треба веднаш да се отстрани.

Правни лица и групи

[уреди извор]

Ова правило не е за корпорации, компании и други субјекти наведени како правни лица во законот, иако материјалот што се однесува на нив мора да биде напишан во согласност со другите политики за содржини на Википедија.

Прашањето до кој степен правилото БЖЛ може да се примени на уредувања за групи е многу сложено и затоа најдобро се проценува од случај до случај. Негативна изјава за мала група е поверојатно да биде предмет на правилото БЖЛ отколку негативна изјава за поголема група. Кога групата е многу мала, невозможно е да се повлече линија помеѓу групата и поединците што ја сочинуваат таа група. Доколку се сомневате, треба да користите висококвалитетни извори.

Одржување на БЖЛ

[уреди извор]

Википедија содржи голем број статии за живи луѓе. Од правна и етичка гледна точка, многу е важно брзо и ефикасно да се отстрани секој клеветнички или друг несоодветен материјал од овие статии, но исто така е многу важно таквите дејствија да бидат измерени, или со други зборови, важно е статиите да не се претворат во пристрасни текстови во корист на лицето за кое се однесува статијата со отстранување на соодветен материјал само затоа што тоа лице се спротивставува на неговото вклучување, или да се задржат статиите за неважни луѓе желни за публицитет и рекламирање.

Доколку уредувањата се злонамерни или пристрасни, или е додаден или вратен несоодветен материјал, администраторот може да постави заштита или полузаштита на статијата, во согласност со политиката за заштита на страниците. Уредниците кои постојано додаваат или враќаат контроверзен материјал во БЖЛ кој не е поткрепен со извори или е поткрепен со лоши извори, може да бидат блокирани поради нарушување на проектот.

Биографскиот материјал за живи личности што не е во согласност со ова правило треба да се корегира, а доколку тоа не е можно, тогаш треба да се отстрани. Доколку целата статија е со многу низок квалитет и содржи претежно материјали кои се без извори, тогаш треба да се избрише. Дебати за бришење може да се водат на самата страница за разговор на статијата, па дури и на Селска чешма, но треба да се избегнуваат долги јавни дискусии ако материјалот е чувствителен и вклучува информации од приватниот живот на личноста, особено ако материјалот е негативен. Ваквите дискусии, откако ќе се завршат, може да се избришат од почит кон личноста.

Кога материјал за живи личности е отстранет од оправдани причини, уредникот кој сака материјалот да биде вратен мора да го усогласи материјалот со политиките за содржина на Википедија. Доколку материјалот треба да биде вратен без никакви значајни промени, прво мора да се постигне консензус за ова прашање, и секогаш кога има приговор за одредено бришење, тој мора да се покрене и прашањето да се разговара со администраторот кој ја избришал статијата. Секој материјал што треба да се врати треба да се анализира од случај до случај.

Понекогаш, луѓето уредуваат материјал за себе, лично или преку молба до некој уредник. Иако Википедија генерално не препорачува пишување автобиографии, сосема е прифатливо личноста сама да отстрани од статијата за себе материјал што е без или е наведен со слаби извори. Кога анонимен корисник ќе го отстрани целиот или голем дел од текстот во БЖЛ, многу е веројатно дека лицето се обидува да го отстрани проблематичниот материјал. Ваквите уредувања не треба да се третираат како вандализам, туку наместо тоа, анонимниот корисник треба да биде повикан да објасни зошто го сторил тоа.

Правни проблеми

[уреди извор]

Доколку сте личноста спомената во статијата и сметате дека информациите во неа се неточни, ја нарушуваат вашата приватност или на друг начин ви штетат, ве молиме не ја уредувајте сами статијата. Наместо тоа, испратете ни порака на Википедија на македонски јазик на Фејсбук, или контактирајте ги волонтерите на Википедија и објаснете го проблемот со линк до статијата што го содржи проблемот.

Лицата кои имаат значаен правен или личен спор со лице споменато во која било статија опфатена со оваа политика, не треба да уредуваат статии, туку треба да ја користат страницата за разговор или Селска чешма за да ги изразат своите загрижености таму.

Доколку не сте задоволни од одговорот на уредниците и администраторите на вашата загриженост во врска со биографски материјал за живи личности, можете директно да контактирате со Фондацијата Викимедија. Контактирајте овде за повеќе детали.

Белешки

[уреди извор]
  1. Се претпоставува дека луѓето се живи освен ако не постои причина да се мисли спротивното.
  2. Ова е така затоа што Фондацијата Викимедија, чиј проект е и ова јазично издание на Википедија, е основана во САД и нејзините опслужувачи на кои се наоѓа содржината се наоѓаат во Флорида.
  3. Џими Вејлс. „WikiEN-l: Подобро нула информации отколку лажни информации“ (англиски), 16 мај 2006, и 19 мај 2006 (англиски); Џими Вејлс. Keynote speech, Викиманија, август 2006.