Прејди на содржината

Википедија:Значајност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Најважното од страницава:
  • Сите теми не се доволно значајни за да имаат своја енциклопедиска статија;
  • Ако определена тема има добиено значително покритие од веродостојни секундарни извори кои се независни за темата, се претпоставува дека ги задоволува критериумите за добивање за добивање сопствена статија.
Значајност
Поврзано
* Што не е Википедија

На Википедија, значајноста е тест од уредувачите за одредување дали некоја тема може да има своја статија.

Информациите на Википедија мора да бидат проверливи; ако не можат да се најдат доверливи извори кои се независни од темата, тогаш таа тема не треба да има засебна статија. Концептот за значајност на Википедија го применува овој основен стандард за да се избегне недискриминирачко внесување на теми — Википедија не е збирка на секакви информации, без критериум. Статиите и списоците мора да бидат значајни, или „вредни за забележување“. Одредувањето на значајноста не зависи на работи од типот на слава, важност или популарност — иако овие работи можат да ја зајакнат прифатливоста на темата ако таа ги исполнува критериумите исполнети подолу.

Општ стандард за значајноста

[уреди извор]

При одредување на значајноста важи следново правило:
Доколку една тема е значително опфатена во веродостојни извори кои се независни од предметот, се претпоставува дека ги задоволува критериумите за започнување на засебна статија.

  • „Значајниот опфат“ значи дека изворите директно го посочуваат предметот во детали и не е потребно оригинално истражување за да се прошири содржината на статијата. Значајниот опфат е повеќе од тривијално споменување во одреден извор, но тоа не значи дека предметот треба да е главна тема на изворниот материјал.
  • „Веродостојноста“ значи дека на изворите им е потребен уреднички интегритет за да се овозможи проверливо вреднување на значајноста. Изворите може да бидат издадени дела во било кој облик или медиум. Достапноста на секундарни извори кои го опфаќаат предметот е добар тест за значајноста.
  • „Изворите“, за потребите на значајноста, треба да бидат секундарни извори, бидејќи тие се најдобар доказ за значајноста. Бројот и природата на значајните извори варира зависно од длабочината на опфатот и квалитетот на изворите. Генерално, се претпочитаат повеќе извори.
  • „Независноста од предметот“ ги исклучува делата создадени од оние кои се поврзани со предметот, како на пример, личен публицитет, рекламирање, самоиздаден материјал од страна на предметот, автобиографии, објави за печатот, итн.
  • „Претпоставка“ значи дека значајниот опфат во веродостојни извори е само претпоставка, а не и гаранција дека предметот е погоден за засебна статија. Уредниците може да воспостават консензус дека одредена тема ги задоволува критериумите, но не е соодветна за засебна статија. На пример, одредена содржина може да не е за Википедија.

Ако некоја тема ги задоволува критериумите, тогаш таа може да има засебна статија. Доколку некоја тема задоволува само некој од критериумите, подобро е таа да се најде во рамките на друга, веќе постоечка статија.

Значајноста подразбира проверлив доказ

[уреди извор]

Заедничка тема во стандардот за значајност е барањето за проверлив, објективен доказ за да се поддржи тврдењето дека одредена тема е значајна. Значајниот опфат во веродостојните извори подразбира објективни докази, како публикувано рецензирано признание и други фактори.

Бришење на статии чија значајност е предизвикана

[уреди извор]

Ако статијата на некоја тема нема значаен опфат од веродостојни и независни извори, а се доведе во прашање нејзината значајност, тогаш се бара од создавачите на статијата и/или поголемите придонесувачи кон содржината да приложат такви извори за да го оправдаат постоењето на таа статија. Ако такви извори не се појават во разумен временски период, статијата треба да биде избришана.

Статиите на Википедија не се финална верзија, туку се во процес на постојана еволуција, а темата на некоја статија може да биде значајна ако такви извори постојат, ама сè уште не се наведени. Сепак, кога значајноста на статијата ќе биде предизвикана, сугестијата дека неодредените извори постојат е ретко убедлива, особено ако времето минува и не се појавува конкретен доказ за тоа. Ако заедницата процени дека навистина можат да постојат значајни независни извори за темата, тогаш треба да се почека со бришењето.

Значајноста не е привремена

[уреди извор]

Значајноста не е привремена, ако е нешто значајно сега, треба да е значајно и по десет години, на пример. Но, кога еднаш ќе се утврди дека некоја статија е значајна според темата за да постои на Википедија, сепак дозволено е одвреме-навреме да се проверат доказите за значајност: за некоја статија ќе се утврди дека сепак е за бришење, за друга може да се утврди дека постојат посигурни докази за нејзината значајност. Затоа, статија може да биде предложена за бришење после месеци или години откако еднаш била прифатена. Исто така една статија може да биде создадена повторно доколку нови докази укажуваат на нејзината значајност.

Значајни теми кои привлекуваат внимание во текот на доволно значаен временски период

[уреди извор]

Википедија е показател за значајност во минатото. Исто како што економскиот показател покажува што правела економијата во минатото, темата е забележителна во термините на Википедија само ако надворешниот свет веќе ја забележал. Откако ќе се воспостави, значајноста не е привремена. Вестите можеби не се доволен показател за значајност. Сепак, подолговремно појавување на вести веќе е показател за значајност, како што е опишано со значајноста на настаните. Новите организации и идни настани може да ги поминат критериумите за значајност, но немаат доволно покриеност за да се задоволат критериумите кои велат дека Википедија не е весник, а сепак мора да се задоволат критериумите за Википедија не е рекламен простор.

Ако изворите покриваат лице само во контекст на еден настан, и ако тоа лице е, и најверојатно ќе остане, поединец со низок профил, генерално треба да избегнуваме да имаме биографска статија за таа личност.

Белешки

[уреди извор]