Киселица (Делчевско)
Киселица | |
![]() Куќи во селото | |
Координати 42°01′03″N 22°45′06″E / 42.01750° СГШ; 22.75167° ИГДКоординати: 42°01′03″N 22°45′06″E / 42.01750° СГШ; 22.75167° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | 35[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09013 |
Надм. вис. | 710-870 м |
![]() |
Киселица — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Киселица се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се сместени на надморска височина од 710-870 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10,5 км2. Од Делчево е оддалечено околу 15 км.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во почетокот на XX век, Киселица било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција. Обработливото земјиште во селскиот атар зафаќа површина од 373 ха, пасиштата се на површина од 343 ха, а на шуми отпаѓаат 250 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Киселица живееле 122 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 144 жители Македонци.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Киселица:[5]
Години | Македонци | Албанци | Срби | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | 553 |
1953 | 423 | 0 | 0 | 0 | 423 |
1961 | 435 | 0 | 0 | 0 | 435 |
1971 | 262 | 4 | 0 | 0 | 266 |
1981 | 166 | 0 | 0 | 1 | 167 |
1991 | 76 | 0 | 0 | 0 | 76 |
1994 | 77 | 0 | 1 | 0 | 78 |
2002 | 34 | 0 | 4 | 0 | 35 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачко место бр. 0598 според Државната изборна комисија, кое е сместено во здружениот дом.[6]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[8]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Богословец — старохристијанска црква
- Дупките — могила од римско време
- Могилка — населба од доцноантичко време
- Пештера — населба од неолитско време
- Чукутин Дол — могила од римско време
- Градиште — сакрален објект од доцноантичко време[10]
- Киселичка Пештера — населба од бронзено време[10]
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — стара црква
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — нова црква
- Пештери[11]
- Киселичка Пештера — пештера во близина на селото
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 149.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 10,0 10,1 „Два нови Археолошки наоѓалишта во Пијанец“. Сител. 14 август 2017.
- ↑ „Киселичка Пештера и нејзините тајни!“. Игео Портал. 13 јули 2015. Посетено на 16 јули 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Киселица (Делчевско) на Ризницата ?
|