Ѕвегор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѕвегор
Панорама на Ѕвегор со селските гробишта.jpg

Панорама на селото

Ѕвегор во рамките на Македонија
Ѕвегор
Местоположба на Ѕвегор во Македонија
Ѕвегор на интерактивна карта

Координати 41°58′04″N 22°48′20″E / 41.96778° СГШ; 22.80556° ИГД / 41.96778; 22.80556Координати: 41°58′04″N 22°48′20″E / 41.96778° СГШ; 22.80556° ИГД / 41.96778; 22.80556
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево
Област Пијанец
Население 685 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09010, 09510
Надм. вис. 680 м
Ѕвегор на општинската карта
Ѕвегор во Општина Делчево.svg

Атарот на Ѕвегор во рамките на општината
Commons-logo.svg Ѕвегор на Ризницата


Ѕвегор или Звегор — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Потеклото на името на селото е од старословенското *звѧгоръ, кое произлегува од *звѧгъ во старословенското звѧгѫ или звѧшти,[2] со значење проузведува звук или крешти, и додавката -ор како во гов-ор. Истозначни се руските зборови звягу̀̀ и звя̀гать, со значење „лае“ или „џавка“; украинското звя̀̀га, со значење „шум“; белоруското звя̀̀га, со значење „побојник“; како и литванските зборови žvèngti или žvèngiu, со значење „цивка“, „се кикои“, и žvàngeti, со значење „ѕвони“, „бучи“. Од исто потекло се и зборовите ѕвек и ѕвон.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ѕвегор се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, на западното подножје на планината Влаина, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 680 метри. Неговиот атар се простира на површина од 20,3 км2. Од Делчево е оддалечено 3,5 км.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во 1347 година под името „Звегорштица“.

Во почетокот на XX век, Ѕвегор било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Во 1944 година, за ослободување на Царево Село, во близина на селото се одржала голема битка, при што учествувале и доброволци од Горноџумајско.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.036,3 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 623,4 ха, а на пасишта 222,9 ха.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.158—    
19531.301+12.3%
1961775−40.4%
1971837+8.0%
1981907+8.4%
ГодинаНас.±%
1991944+4.1%
1994949+0.5%
2002904−4.7%
2021685−24.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѕвегор живееле 355 жители, од кои 335 Македонци муслимани и 20 Роми.[6] По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 616 жители, сите Македонци, од кои 563 муслимани и 53 православни, при што православното население се доселило од планинските села на Осогово за време на Првата балканска војна.[7]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 904 жители, од кои 899 Македонци и 5 Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 685 жители, од кои 604 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин, 20 останати и 59 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Ѕвегор:[10]

Години Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 1.158
1953 356 0 937 1 1 6 1.301
1961 717 0 50 0 3 5 775
1971 820 0 12 0 1 4 837
1981 899 0 0 0 3 5 907
1991 941 0 0 0 2 1 944
1994 948 0 0 0 1 0 949
2002 899 0 5 0 0 0 904
2002 604 1 0 0 1 20 59 685

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото има продавници и угостителски објекти.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0587 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 825 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 809 гласачи.[14]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селото е познато по празнувањето на христијанските празници Илинден и Василица.

Ѕвегорска Сурова[уреди | уреди извор]

Еден од најстарите народни обичаи во пијанечкиот крај е обичајот со маски, познат под името „Сурова“.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Јован Крстител“
Археолошки наоѓалишта
Манастири
Цркви
Џамии
  • Џамија — остатоци од минарето на поранешната џамија
Реки
  • Ѕвегор — притока на реката Брегалница
Природна реткост
  • Илин Камен — камен за кој се верува дека има исцелителна моќ

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Ѕвегор
Починати во Ѕвегор

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Георгиев, Вл., Ив. Гълъбов, Й. Заимов, Ст. Илчев (съставители) (1971). Български етимологичен речник, том 1 (А - З). София: Българска академия на науките. Институт за български език. Издателство на Българската академия на науките. стр. 620.
  3. Георгиев, Вл., Ив. Гълъбов, Й. Заимов, Ст. Илчев (съставители) (1971). Български етимологичен речник, том 1 (А - З). София: Българска академия на науките. Институт за български език. Издателство на Българската академия на науките. стр. 621.
  4. 4,0 4,1 4,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 133.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Битката“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 158. Text "series " ignored (help)
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 228.
  7. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
  11. „ОУ „Ванчо Прке" - Делчево“. Посетено на 14 јули 2018.[мртва врска]
  12. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 11 јули 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 11 јули 2018.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]