Чифлик (Делчевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чифлик
Куќа во селото Чифлик.jpg

Стара куќа во селото

Чифлик is located in Македонија
Чифлик
Местоположба на Чифлик во Македонија
Координати 41°56′39″N 22°46′48″E / 41.94417° СГШ; 22.78000° ИГД / 41.94417; 22.78000Координати: 41°56′39″N 22°46′48″E / 41.94417° СГШ; 22.78000° ИГД / 41.94417; 22.78000
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево
Област Пијанец
Население 51[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 033
Надм. вис. 640 м
Чифлик на општинската карта
Чифлик во Општина Делчево.svg

Атарот на Чифлик во рамките на општината
Commons-logo.svg Чифлик на Ризницата


Чифлик — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, јужно од градот Делчево, на само неколку километри.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 640 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 7,4 км². На него преовладуваат шумите на површина од 572 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129 хектари, а на пасиштата 63 хектари.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Чифлик било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Селото е мало и е населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 218 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Чифлик живееле 51 жител, сите Македонци.[1]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[3] 1905[4] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население [5] 192 218 214 138 67 68 51
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Делчево, во која влегувале градот Делчево и селата Очипала, Полето, Чифлик и Шопје.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија и Шопје.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0596 според Државната изборна комисија.[7]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 56 гласачи.[8]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 8 јули 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 319. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 8 јули 2018 г. 
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. Податоците за населените места Косово Дабје, Полето и Чифлик, согласно важечката територијална организација за време на Пописот од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Делчево.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. „Описи на ИМ“. конс. 8 јули 2018. 
  8. „Локални избори 2017“. конс. 8 јули 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]