Разловци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Разловци
Поглед на Разловци (1).jpg

Поглед на селото

Разловци се наоѓа во Republic of Macedonia
Разловци
Местоположба на Разловци во Македонија
Координати 41°50′40″ СГШ 22°46′06″ ИГД / 
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево
Област Пијанец
Население 826[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2325
Повик. бр. 033
Надм. вис. 690 м
Commons-logo.svg Разловци на Ризницата


Разловци — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Во 1876 година во него избувнало Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската власт. И покрај неуспехот на востанието, тоа имало големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дел од селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Делчево, непосредно од левата страна на реката Брегалница, чиј голем атар се допира со подрачјето на соседните Општина Берово и Општина Виница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри.[2]

Има голем атар, кој зафаќа простор од 60,2 км². На него шумите заземаат површина од 2.944 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.160 хектари, а на обработливото земјиште 1.650 хектари.[2]

Селото се наоѓа во јужниот дел на областа Пијанец, при што претставува последното село на општината и на соодветната етногеографска област. Сместено е на левиот брег на реката Брегалница, источно од падините на Голак, а западно од Обозна Планина. Оддалечено е 19 километри јужно од Делчево и 26,5 километри северозападно од Пехчево.

Историja[уреди | уреди извор]

Плоча за Разловечкото востание во селото

Се претпоставува дека селото настанало пред повеќе од 250 години, кога неколку семејство кои што живееле во Пиринска Македонија, во областа Разлог, пребегале од таму и ја населиле денешната територија. Се мисли дека затоа и селото е наречено Разловци. Тие биле со борбен дух и не се согласувале со турската власт. Интересно е тоа што уште од самото настанување на селото, во него живеат само Македонци. Тие не дозволувале луѓе од други националности дури и да влезат во селото. Луѓето од околните места кои што биле гонети од турската власт, се криеле таму. Една поговорка вели „еден Турчин дојде во селото, и разловчани кренаа востание да го избркаат“.

Во селото се наоѓа црквата Свети цар Константин и царица Елена, која била изградена околу 1850 година. Селаните побарале од турската војска да си изградат црква која ќе биде во близина на селото, бидејки постојната била на неколку километри оддалеченост. Тоа не им било одобрено и им рекле дека ако во селото имало стара црква, можат пак да ја изградат. И бидејќи стара црква немало, тие се досетиле и преку ноќ откопале камен од темелите на црквата надвор од селото и го закопале на местото каде денес се наоѓа црквата Свети цар Константин и царица Елена. Наредниот ден таму копале во присуство на турската војска и го „нашле“ каменот и рекле дека тоа е од старата црква. Им дале дозвола да си изградат црква. Целото село собирале пари за градба на новата црква, но бидејки не им стигале пари, Цоне Спасев-Ингилизо го продал својот имот за да се изгради црквата. Во знак на благодарност негов портрет е насликан во црквата и подоцна селаните го славеле како светец

Во XIX век, Разловци било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Разловечко востание:[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Разловечко востание.

Некогаш во селото Разловци имало некој Турчин по име Алиман. Тој силувал жени и ги терал да го служат со сè што ќе посака. Тој отишол во црквата и се молел господ да му ги прости гревовите. Но, на излегување го сретнал поп-Стојан и тој почнал да се смее. Поп-Стојан го прекинал неговото смеење и му рекол: „Алимане! до кога жените ќе ги измачуваш, а јас ќе крставам твои деца?“ Алиман со смеење одговорил: „Ќе престанам кога ќе крстиш мое дете од ќерка ти и внука ти.“ Поп-Стојан се изнервирал и го ранил во стомакот. Алиман ранет со тројца свои другари отишол во куќата на еден болен старец. Старецот го избркале надвор од куќата. Кога го дознала разловечката полиција тие ја запалиле куќата на старецот заедно со Алиман и неговите три другари, но еден од другарите останал жив и им рекол на разловечката полиција во 15:00 часот да отидат на почетокот на селото и да го бакнуваат лебот и рацете на командирот на турскиот аскер. Сето тоа се случило и затоа командирот ја прашал полицијата зошто го прават тоа и тие им раскажале дека другарот на Алиман им рекол да го сторат тоа, а во спротивно ќе им го запали селото. Командирот на тоа подговорил дека тоа не е вистина. Командирот рекол дека селото ќе го запалат само ако парите на Алиман ги нема, а ако се таму ќе ги остави на мира да живеат. Потоа командирот се уверил дека парите се таму и селаните ги оставил на мира да живеат. Турскиот аскер се побунил за стореното и го убиле командирот. Аскерот избрал нов командир и им рекле на селаните дека ќе дојдат да се борат. После неколку дена турскиот аскер пристигнале да го одмаздуваат убиството на Алиман. Така започнало Разловечкото востание.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Разловци имало 784 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Разловци имало 960 жители.[4]

Селото е големо, коешто во 1961 година имало 1.116 жители, а во 1994 година бројо се намалил на 906 жители, од кои 904 Македонци и двајца жители Срби.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Разловци живееле 826 жители, од кои 823 Македонци и 3 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 784 960 1.113 1.344 1.116 1.143 1.061 899 906 826
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во Разловци
Главната селска црква „Св. Контантин и Елена“
Поглед на спомен-домот на Разловечкото востание

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Разловци, во која единствено село било Разловци.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Разловци се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Стар Истевник и Тработивиште.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0590 според Државната изборна комисија, кое е сместено во културниот дом.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 655 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[11]
Спомен-домови

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Разловци

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Дел од населението на Разловци се иселило во соседните градови и населени места по востанието. Денес, разловчани ги има во Австралија, Канада, САД и во неколку европски држави, меѓу кои и Италија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 15 јуни 2018 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 251-252. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 15 јуни 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „ОУ „Св. Климент Охридски“ - Делчево“. http://www.delcevo.gov.mk/delcevo-vodic/obrazovanie/2011-10-19-08-14-12/2212-2018-03-19-13-51-52.html. посет. 15 јуни 2018 г. 
  9. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 15 јуни 2018 г. 
  10. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=25&ps=763. посет. 15 јуни 2018 г. 
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]