Вратиславци
Вратиславци | |
![]() Панорама на Вратиславци | |
Координати 42°02′49″N 22°41′49″E / 42.04694° СГШ; 22.69694° ИГДКоординати: 42°02′49″N 22°41′49″E / 42.04694° СГШ; 22.69694° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | 32[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Надм. вис. | 760-860 м |
![]() |
Вратиславци, се среќава и како Братиславци — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Вратиславци е сместено во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Делчево, на југоисточните огранки на Осоговските Планини, а неговиот атар се граничи со Бугарија. Селото е планинско и неговите маала се издигаат на надморска височина од 760-860 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2.[2]
Историja[уреди | уреди извор]
Во почетокот на XX век, Вратиславци било село во Малешевската каза на Отоманската Империја.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 633,9 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 305,4 ха, а на пасишта отпаѓаат 163,5 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Вратиславци живееле 128 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 128 Македонци.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 32 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Вратиславци:[6]
Години | Македонци | Срби | Вкупно |
---|---|---|---|
1948 | — | — | 255 |
1953 | 275 | 0 | 275 |
1961 | 241 | 1 | 242 |
1971 | 240 | 3 | 243 |
1981 | 153 | 1 | 153 |
1991 | 99 | 0 | 99 |
1994 | 79 | 0 | 79 |
2002 | 32 | 0 | 32 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Луковица општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0600 според Државната изборна комисија.[7]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 38 гласачи.[8]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки локалитети
- Чука — могила од римско време
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 10 јули 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 61.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). конс. 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. конс. 10 јули 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Вратиславци на Ризницата ?
|