Источен Регион
Изглед
| Источен Плански Регион | ||
| Регион | ||
|
||
| Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во рамките на Републиката. | ||
| Земја | ||
|---|---|---|
| Површина | 3,537 км2 | |
| Население | 181,858 (2002) | |
| Основано | 2009 | |
| Часовен појас | UTC +1 | |
| Повикувачки бр. | 032 | |
| Oпштини | 11 | |
| Седиште | Штип | |
| Раководител | Драгица Здравева | |
| Контакт | 032/ 386-412 | |
| Портал: Официјално мрежно место | ||
Источен Регион — еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во источниот дел на Македонија и се граничи со Бугарија на исток и внатрешно со Вардарскиот, Скопскиот, Североисточниот и со Југоисточниот Регион. Главен град на регионот е Штип.
Општини
[уреди | уреди извор]Источниот Регион вклучува 11 општини[1]:
Берово
Виница
Делчево
Зрновци
Карбинци
Кочани
Македонска Каменица
Пехчево
Пробиштип
Чешиново-Облешево
Штип

Демографија
[уреди | уреди извор]
Население
[уреди | уреди извор]Моменталната бројка на населението на источниот регион е околу 181.858 жители или 10 % од вкупното население на Македонија, според новите граници кои не ги вклучуваат Свети Николе и Лозово.
| Попис | Население | Промена |
|---|---|---|
| 1994 | 201.525[2] | N/A |
| 2002 | 181.858 | +1.94% |
Најголеми населби
[уреди | уреди извор]Помеѓу најголемите населени места во регионов се:
| Ранг | Населено место | Население |
|---|---|---|
| 1 | Штип | 43.652 |
| 2 | Кочани | 28.330 |
| 3 | Делчево | 11.500 |
| 4 | Виница | 10.863 |
| 5 | Пробиштип | 10.816 |
| 6 | Берово | 7.002 |
| 7 | Македонска Каменица | 5.147 |
| 8 | Пехчево | 3.237 |
| 9 | Злетово | 2.477 |
| 10 | Зрновци | 2.221 |
Етнички групи
[уреди | уреди извор]Најголемите етнички групи во регионот се Македонците, но тука живеат и:
| Број | % | |
| Вкупно | 203.213 | 100 |
| Македонци | 188.522 | 92.77 |
| Роми | 6.927 | 3.40 |
| Турци | 2.636 | 1.29 |
| Власи | 2.514 | 1.23 |
| други | 2.614 | 1.28 |
- Забелешка: Податоците се според старите граници на регионот, односно ги вклучува општините Свети Николе и Лозово, кои денес се дел од Вардарскиот Регион.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Источен Регион“. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2011-04-29.
- ↑ Според старите граници со општините Свети Николе и Лозово.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| „Источен Регион“ на Ризницата ? |
