Лозово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лозово
View of Lozovo to the West.jpg

Панорама на Лозово

Лозово во рамките на Македонија
Лозово
Местоположба на Лозово во Македонија
Лозово на интерактивна карта

Карта

Координати 41°47′2″N 21°54′20″E / 41.78389° СГШ; 21.90556° ИГД / 41.78389; 21.90556Координати: 41°47′2″N 21°54′20″E / 41.78389° СГШ; 21.90556° ИГД / 41.78389; 21.90556
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Lozovo Municipality.svg Лозово
Област Овче Поле
Население 756 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2208
Шифра на КО 24043, 24543
Надм. вис. 324 м
Лозово на општинската карта
Лозово во Општина Лозово.svg

Атарот на Лозово во рамките на општината
Commons-logo.svg Лозово на Ризницата


Лозово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, на патот помеѓу Велес и Штип. Старото име на селото е Џумајлија. Претставува едно од најголемите штипски села, а воопшто и овчеполски. Селото е административно седиште на истоимената општина.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Лозово се наоѓа во западниот дел на Овче Поле, оддалечено 15 километри североисточно од Велес и 19 километри југозападно од Свети Николе.

Историја[уреди | уреди извор]

Лозово е населено уште од неолитско време, за што сведочат остатоците од две населби од тоа време.[2]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 150 Турци.[3]

Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Лозово е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 570 жители, а во 1994 година 946 жители, од кои 889 биле Македонци, 5 Турци, 39 Власи, 6 Срби и седум други.

На пописот од 2002 година, селото имало 896 жители и спаѓа во групата на големи села. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 889
Албанци 0
Турци 5
Роми 0
Власи 26
Срби 0
Бошњаци 0
останати 6

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948521—    
1953625+20.0%
1961570−8.8%
1971766+34.4%
1981959+25.2%
ГодинаНас.±%
1991943−1.7%
1994946+0.3%
2002896−5.3%
2021756−15.6%
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 521
1953 30 571 16 8 625
1961 520 3 13 7 27 570
1971 695 10 ... 8 56 766
1981 871 4 36 15 33 959
1991 874 5 40 13 11 943
1994 889 5 39 6 7 946
2002 851 8 26 6 896
2021 672 1 24 18 10 1 30 756

Во пописот од 1953 година, 91 % од вкупното население го сочинувале Турци, кои во средината на 50-тите години масовно се иселуваат во Турција и на нивното место се населуваат Македонци од Кривопаланечко и Кратовско. Освен Македонците во Лозово живее и мала заедница на влашко население.

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото

Српски

  • Доселеници: Симо (1 к.), Томо (1 к.) и Нестор (1 к.) доселени се во 1923 година како колонисти. Последниот е од Хрватска, а другите од Србија.

Македонски

Албански

  • Доселеници: Доселени помеѓу 1954 и 1958 година. од околината на Гнилане (7 семејства). и од околината на Урошевац (4 семејства). Подоцна иселени.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петка“ во Лозово

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1706 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 645 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[2]

Спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од 1954 до 1958 година од селото се иселиле 66 турски семејства во Турција. Турците заминале во Измир и во местото Дургут во непосредна близина на Измир.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 354. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]