Каратманово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каратманово
Каратманово is located in Македонија
Каратманово
Местоположба на Каратманово во Македонија
Координати 41°45′44″N 21°52′6″E / 41.76222° N; 21.86833° E / 41.76222; 21.86833Координати: 41°45′44″N 21°52′6″E / 41.76222° N; 21.86833° E / 41.76222; 21.86833
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Lozovo Municipality.svg Лозово
Население 520 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2208
Шифра на КО 24015, 24515
Надм. вис. 296 м
Каратманово на општинската карта
Каратманово во Општина Лозово.svg

Атарот на Каратманово во рамките на општината

Каратманово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, близина на патот Велес - Штип.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Овче Поле, на околу 4 километри источно од Лозово, 13 километри северозападно од Велес и 24 километри југозападно од Свети Николе. Соседни села на каратманово се: Дорфулија и Џумајлија на исток и североисток, Кумарино и Мамутчево на запад и северозапад, Милино на север, и Кишино на југ.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Ограда, Џамалџи, Катрли, Коџадол, Комарлиечими, итн.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Во народната традиција се наведува дека селата Каратманово, Џумајлија и Кишино биле најстари турски села во околината на Овче Поле. Селото Каратманово е основано во средината на XVIII век од 8 муслимански семејства. Од нив само две биле доселени од Арабија, а останатите од Мала Азија.[1]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 475 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Каратманово живееле 475 жители, сите Турци.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 520 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 515
Албанци
Турци 5
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 701
1953 765 ... 1 766
1961 535 4 76 ... ... 2 ... 2 619
1971 554 17 ... ... 571
1981 560 13 ... 1 574
1991 520 4 ... 524
1994 464 5 ... 469
2002 515 5 520

Родови[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1957/58 родови во селото биле.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1710 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 328 гласачи.[7]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото Каратманово се иселил огромен број на жители, во постаро време се иселиле некои македонски родови. Па така во селото Ново Село, велешко се иселиле родовите: Богојовци (4 к.), Караѓорѓевци (5 к.), Хаџиовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.). Родот Неделковци (1 к.) се иселил во селото Новачани. Од турските родови се иселиле преку 100 семејства во периодот помеѓу 1954-1958 година. Иселениците живеат во Маниса, Измир и Истанбул.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 232.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]