Дорфулија
Дорфулија | |
Координати 41°45′54″N 21°53′35″E / 41.76500° СГШ; 21.89306° ИГДКоординати: 41°45′54″N 21°53′35″E / 41.76500° СГШ; 21.89306° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 756 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2208 |
Шифра на КО | 24011 |
Надм. вис. | 255 м. м |
Дорфулија — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во близина на патот Велес - Штип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во југозападниот дел на областа Овче Поле, оддалечено 2,5 километри јужно одопштинскиот центар Лозово, 15,5 километри североисточно од Велес и 26 километри јужно од Свети Николе.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 900 Турци.[1] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 756 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.352 |
1953 | 3 | — | 1.481 | — | — | — | — | — | 1.484 |
1961 | 480 | 25 | 226 | — | ... | 27 | — | 124 | 882 |
1971 | 636 | 6 | 61 | — | ... | 27 | — | 134 | 834 |
1981 | 646 | — | 76 | — | 95 | 41 | — | 2 | 860 |
1991 | 584 | — | 106 | — | 54 | 23 | — | 5 | 772 |
1994 | 587 | — | 110 | — | 54 | 9 | — | — | 760 |
2002 | 569 | — | 118 | — | 49 | 18 | — | 2 | 756 |
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
Турски
- Доселеници: Мурат Мустафа (9 к.), Топчилар (5 к.), Чобанлар (3 к.), Коџа Кулар (3 к.), Шаќирлар (7 к.), Иполар (1 к.), Муто Метлар (1 к.), Шерифлер (7 к.), Усеинлар (8 к.), Џагулар (8 к.) и Емин Бајрактар (8 к.) тоа се стари доселеници; Аџи Аметовци (11 к.) потекнуваат од предок кој бил заптија во селото. Овде се оженил со девојка од родот Мурат Мустафа и го основал родот. Бил доселен од селото Сирково во Тиквеш; Љиманлар (6 к.) доселени се од Тиквеш.
Македонски
- Доселеници: доселени се помеѓу 1956 и 1958 година. И тоа од. Плешенци (1 семејство), Лесново (13 семејства), Видовиште (2 семејства), Спанчево (3 семејства), Соколарци (1 семејство), Туралево (3 семејства), Живалево (3 семејства), Каврак (3 семејства), Кнежево (3 семејства), Зеленград (4 семејства), Мушково (2 семејства), Црвени Град (1 семејство), Црна Река (2 семејства), Сурлица (2 семејства), Луке (3 семејства), Мождивњак (2 семејства), Трновац (1 семејство), Крилатица (1 семејство), Велешко (1 семејство), Мородвис (2 семејства), разни планински села на Осогово (8 семејства). Родовите воглавно се доселени од села североисточно од Овче Поле.
Албански
- Доселеници: доселени во периодот помеѓу 1956 и 1958 година, и тоа: Од околината на Урошевац (6 семејства). околината на Качаник (1 семејство). околината на Призрен (35 семејства). околината на Куманово (6 семејства).
Влашки
- Доселеници: доселени помеѓу 1956 и 1957 година. Папанџија (1 к.) доселени се од Струмичко; Митанкови (1 к.), Попеви (3 к.) и Нако Замбови (1 к.) доселени се од селото Мородвис кај Кочани; Костови (3 к.), Зикови (2 к.) и Миајлови (2 к.) доселени се од селото Теранци кај Штип; Ташкови (2 к.) доселени се од селото Нивичани кај Кочани.[3]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1708 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 558 гласачи.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Ашин Кајлан Клар — водовод од римско време;
- Ески Евлер — населба од римско време;
- Мешакл’к Дере — некропола од доцноантичко време;
- Џамалџуик — некропола од доцноантичко време; и
- Шести Рид — водовод од римско време.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ 2,0 2,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Дорфулија на Карти на Гугл