Соколарци
Соколарци | |
![]() Воздушен поглед на Соколарци | |
Координати 41°53′48″N 22°16′30″E / 41.89667°N 22.27500°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Кочанско Поле |
Население | 730 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2333 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13038 |
Надм. вис. | 340 м |
![]() |
Соколарци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Потеклото на името Соколарци, доаѓа од името „соколар“ коешто во времето на Отоманското Царство во XV, XVI и XVII век, било име за професија на луѓе кои се занимавале со одгледување на соколи за воени цели, и за што овие луѓе - соколари биле плаќани од државната каса на Отоманското Царство.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во југозападниот дел на Кочанското Поле, сместено во источниот дел на Општина Чешиново-Облешево, а во средното сливно подрачје на реката Брегалница.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 15 километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 2342, а веднаш под селото е новиот експресен пат Штип-Кочани на А3, до кој се пристапува преку клучката кај Спанчево.[2]
Соколарци се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини, на допирот на планинските падини на север со котлинската рамнина на југ. Оваа местоположба на селото му донела подобни стопански услови. Соседни села се Спанчево, Облешево, Врбица и други. Водата за пиење се добива од бунари и од чешми (Влашка Чешма и други), а на атарот избиваат кладенци како Градивец, Ќуприја, Долни Смрк и други.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Вршец, Блатец, Средобрдица, Бослиново, Зимовник, Голак, Курилово, Габер или Габрово, Звони Камен, Градиште, Калуѓерец, Невестински Дол, Варварица, Гладно Поле, Душманец, Ѓерен, Вириште, Прегон, Беговица, Улица, Џепник и Зајковица.[3]
Соколарци има збиен тип, а некои делови на селото се наречени по родовите како Коритарчани, Џоваџии, Анѓелашевци и други.[3]
Во 2019 година, во селото бил подигнат нов „Еко-етно парк“ или познат и како „Парк на штркот“. Паркот бил опремен со урбана опрема, куќички, набљудувачница за птици, како и споменик за штркот. Во склоп на паркот е регулирано и поплочено со камен коритото на долот кој минува покрај самиот парк. Проектот бил вреден 10 милиони денари, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка за зачувување на природата.[4]
-
Поглед на паркот
-
Споменик на штркот
-
Информативна табла
-
Поглед на паркот
Историја
[уреди | уреди извор]Соколарци е старо село, што се забележува од зачуваните староседелски родови. Во народот се говори дека Соколарци е основано во исто време како соседното Спанчево, а основачите биле браќа - Сокол и Спанче.[3]
Околу 1880 година во селото имало 27 македонски куќи.[3]
Северно од селото се наоѓа возвишението Манастир, каде во 1942 година била подигната црквичката „Св. Ѓорѓи“. До таа година таму се познавале руини од стар храм („имало ѕидови, греди и крстови“). Во близина се местата Калуѓерец (со лековита вода) и Невестински Дол. Секоја година на Ѓурѓовден кај црквичката се организира голем собор.[3]
Источно од возвишението Манастир се наоѓа возвишението Градиште, каде мештаните ископувале тули, ќерамиди, скривници и ѕид. На Градиште еден дел се нарекува Змијарник, бидејќи таму има многу змии.[3]
Остатоци од старини има и на месноста Улица, која се наоѓа јужно од селото. Таму во нивите мештаните наоѓале надгробни плочи и печени цигли, а има и извори наречени Ќуприја.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 19 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 990 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 893 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него работат услужни објекти.[2]
Најзастапени гранки се полјоделството (одгледување на ориз, пченица, пченка, домат) и сточарството (одгледување овци и крави). Оризот и доматот од Соколарци најчесто се пласираат на кочанскиот и скопските пазари.
Во селото работи и млекарницата „Осогово Милк“ која своите производи ги пласира на македонскиот пазар. Во селото има и земјоделска аптека GVT-LTD која се занимава со продажба на земјоделски препарати и сточна храна.
Мештаните во отоманскиот период работеле на два чифлика, но имале и нешто своја земја на месноста Зајковица. Чифлиците биле наречени Скопски и Кратовски, а нивната земја била распродена кон крајот на XIX век. Последен бил продаден Скопскиот чифлиг во 1902 година.[3]
-
Поглед на млекарницата „Осогово Милк“
-
Бачила во селото
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Соколарци живееле 680 жители, од кои 670 Македонци и 10 Роми.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Соколарци имало 648 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци и 25 до 50 Власи.[7]
Селото е големо, коешто во 1961 година имало 1.307 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 994 жители, од кои 989 биле Македонци и пет жители Власи.[2]
Според пописот од 2002 година, селото имало 956 жители, од кои 946 Македонци, 8 Власи и 2 Срби и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 730 жители, од кои 702 Македонци, 3 Албанци, 2 Власи и 23 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 680 | 702 | 1.055 | 1.166 | 1.307 | 1.225 | 1.176 | 1.053 | 994 | 956 | 730 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Соколарци е македонско село, со мало присуство на влашко население.[3]
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Македонски родови:
- Староседелци и доселеници со непознато потекло: Шеќерџиовци или Велковци (12 к.), Кметци (10 к.), Кацарци (10 к.), Ќосевци (6 к.), Анѓелашевци (15 к.), Џоваџици (15 к.), Маденџици (10 к.), Уткарци (10 к.), Дашовци (7 к.), Мицајковци (6 к.), Каранфиловци (11 к.), Ѓоргијовци (10 к.), Малиновци (10 к.), Шетевци (6 к.) и Црвенџиовци (5 к.), поголемиот број од родовите се староселеделци.
- Доселеници со познато потекло: Коритарчани (15 к.), доселени се од некое место во Албанија во турско време. Имаат роднини во селото Липец (Арнаутици, Чорбаџици и Ковачки)
- Влашки родови:
- Доселеници: Кутурела (3 к.), доселени се околу 1880 година. Потекнуваат од предокот Митре кој имал брат Никола. Од Митре потекнува родот Кутурела, додека од Никола потекнувал родот Зурзовци кои целосно се иселиле од селото. Овие Власи припаѓаат на поголемото братство Брозан кое растурено живее во повеќе села низ источна Македонија: Соколарци, Лепопелци, Врбица, Ерџелија, Ќоселери, Доброшани и други.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1960 година, 9 влашки семејства се иселиле во Романија, а едно отишло во овчеполското село Ќоселари.[3]
Од Македонците (околу 60 домаќинства) иселеници има во Кочани и во кочанските села: Горни Подлог (Ѓерасимови, 2 к., Уткини, 2 к.), Прибачево (Гуљаци, 3 к., Гареви, 2 к.), Чешиново (Трендафилови, 3 к.), Облешево (Трајанови, 6 к.) и Теранци (таму има Соколарско Маало со 28 куќи), Штип, штипското село Радање и во овчеполските села Долно Црнилиште (6 к.), Дорфулија (1 к.) и Ќоселари (1 к.).[3]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]
- Централното основно училиште „Страшо Пинџур“, деветгодишно основно училиште
- Ветеринарна станица
- Дом на културата
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Соколарци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Соколарци, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Ново Селани и Чешиново. Селото повторно било дел од некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0879 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 696 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 707 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Бошлиново — некропола од доцноантичко време;
- Во Селото — населба и некропола од доцноантичко време;
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Ливади — некропола од доцноантичко време; и
- Манастир — градиште од доцноантичко време, старохристијанска црква и некропола.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква; и
- Црква „Св. Петка“ — манастирска црква.
- Манастири
- Соколарски манастир „Св. Ѓорѓи“ — мал манастир над селото; и
- Соколарски манастир „Св. Петка“ — мал манастир веднаш над селото.
- Параклиси
- Параклис „Св. Петка“ — параклис во селото
- Споменици
- Споменик на НОБ
-
Параклисот „Св. Петка“
-
Црквата „Св. Петка“
-
Црквата „Св. Константин и Елена“
-
Црквата „Св. Ѓорѓи“
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави[3]
- Свети Константин и Елена (3 јуни) — црковна и главна селска слава
- Ѓурѓовден — манастирска слава
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед од долното маало на Соколарци со Кочанското Поле и планината Плачковица во позадината
-
Традиционална куќа во селото
-
Улица во селото
-
Месната заедница
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 278. Посетено на 6 јануари 2025.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 92-94. OCLC 16745284.
- ↑ „Жителите на село Соколарци добија комплетно нов урбано опремен Еко-етно парк“. Општина Чешиново-Облешево. 2019-11-05. Посетено на 2025-01-06.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јануари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 6 јануари 2025.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 181. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|