Бања (Кочанско)
Бања | |
![]() Бањата во Бања | |
Координати 41°54′41″N 22°20′0″E / 41.91139° СГШ; 22.33333° ИГДКоординати: 41°54′41″N 22°20′0″E / 41.91139° СГШ; 22.33333° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 238 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13001 |
Надм. вис. | 335 м |
![]() |
Бања — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Бања се наоѓа западно од Кочани, на јужните периферни делови од Осоговските Планини на самата граница со Кочанската Котлина. Географска положба на селото : 41° 54' 41" сев.ш. и 22° 20' 0" ист.д.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото Бања постои уште од Римско време. Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Главна стопанска гранка во селото е земјоделството. Во селото се наоѓа и Кочанска Бања.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бања живееле 200 жители, сите Турци.[2]
Во 1916 во Бања живееле 189 жители, од кои 130 се Турци, а 59 друго население.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 402 жители, од кои 393 Македонци и 9 Власи.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 238 жители, од кои 234 Македонци и 4 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | — | 629 | 676 | 685 | 654 | 589 | 483 | 473 | 402 | 238 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Бања е македонско-влашко село.
Родови во селото:
- Влашки: Зиковци (5 к.), Јанковци (2 к.), Јуруци (5 к.), Бетато (1 к.), Деспот (1 к.), Додевци (1 к.) и Топчи (1 к.). Зиковци и Јанковци се населени 1914 година, Јуруци се населени 1919 година, а останатите родови се населени 1924 година.
- Македонски: Бојковци (8 к.), Анѓеловци (6 к.), Алексовци (4 к.), Ѓоргијовци (3 к.), Велковци (3 к.), Крстевци (2 к.), Митевци (2 к.), Пауновци (2 к.) и Стојановци (1 к.) доселени се од селото Пашаџиково; Ѓоргијовци (3 к.), Петровци (2 к.), Анѓеловци (2 к.), Зафировци (2 к.), Доневци (1 к.) и Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Јастребник; Борисовци (2 к.), Стојковци (1 к.) и Гоцевци (1 к.) доселени се од селото Пантелеј; Карбинци (1 к.) доселени се од селото Нивичани; Даниловци (6 к.) доселени се од селото Лешки; Јовановци (4 к.), Филиповци (4 к.), Анчевци (2 к.), Пешевци (2 к.) и Миновци (1 к.) доселени се од селото Ораовица, Пијанец; Рашковци (3 к.) доселени се од селото Чеперник, Пијанец; Петровци (1 к.) и Стојменовци (1 к.) доселени се од селото Полаки; Анѓеловци (4 к.), Атанасовци (3 к.) и Дејановци (2 к.) доселени се од селото Длаги Дол на Осогово. Сите македонски родови се доселени помеѓу 1924 и 1925 година.[10]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 886 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 269 гласачи.[12]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Бања (Кочанско) на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Бања на Карти на Гугл
|