Чифлик (Кочанско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чифлик
Чифлик is located in Македонија
Чифлик
Местоположба на Чифлик во Македонија
Координати 41°52′8″N 22°19′2″E / 41.86889° СГШ; 22.31722° ИГД / 41.86889; 22.31722Координати: 41°52′8″N 22°19′2″E / 41.86889° СГШ; 22.31722° ИГД / 41.86889; 22.31722
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 667 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 291 м

Чифлик е село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Чифлик се наоѓа во Кочанската Котлина, оддалечено 11 километри западно од Кочани. Покрај селото тече реката Брегалница.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на 19 век селото било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пашаџик Полски (Чифлик)живееле 220 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 304 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 667 жители, 666 Македонци и 1 Србин.[3]

На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 220[1] 304[2] 392 459 623 610 688 744 704 667

Родови[уреди | уреди извор]

Чифлик е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Табаци (11 к.), Ќеримци или Јанковци (9 к.), Пачаризи (8 к.) и Бошковци (4 к.) они порано живееле во старото село. Табаци и Бошковци порано биле еден род, во родот Ќеримци некој човек се оженил со православна Ромка, и затоа во овој род и сега има некои луѓе со темна боја на кожата.
  • Доселеници: Трогерчанци (5 к.) доселени се од селото Трогерци кај Штип; Златановци (5 к.) доселени се од селото Чешиново, таму биле род со Кашовци; Неделковци (6 к.) доселени се од селото Ерџелија во Овче Поле; Шоневци (3 к.) доселени се од селото Спанчево; Припечанци (2 к.) доселени се од селото Припечани; Јаќимовци (1 к.) основачот на родот е доселен како посинет од селото Спанчево; Вардинци (5 к.) и Колевци (9 к.) доселени се, но не знаат од каде.[5]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, pp. 132-133.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]