Полаки
Полаки | |
Воздушен поглед на дел од маалата на селото Полаки | |
Координати 42°02′52″N 22°24′38″E / 42.04778°N 22.41056°E | |
Регион | Источен |
Општина | Кочани |
Област | Осоговија |
Население | 29 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13032 |
Надм. вис. | 780-1.110 м |
Полаки на општинската карта Атарот на Полаки во рамките на општината | |
Полаки на Ризницата |
Полаки — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Постои кажување за тоа како селото го добило името. Според него, главно занимање на населението од овој крај било сточарството. Сточарите најчесто своите стада ги паселе покрај речните ливади, т.н. лаки. На прашањето каде ќе бидат утрешниот ден најчесто одговарале „ПО ЛАКИ-те“.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Полаки се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Кочани, чиј голем атар се допира со подрачјата на општините Кратово и Крива Паланка.[3] Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 780 до 1.110 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 22 километри.[3]
Полаки се граничи со селата: Јастребник и Горно Гратче на југ, Речани, Костин Дол, Ново Село и Небојани на исток, Саса на североисток, Станци, Дурачка Река и Дренак на север, Емирица на запад, Јамиште, Зеленград и Шталковица на југозапад.[2]
До маалото Скорово води асфалтен пат од градот Кочани, додека до другите маала на селото се стигнува по земјен пат.[2]
Полаки има разбиен тип со куќи групирани во маала, оддалечени едно од друго и по неколку километри. Селото го сочинуваат 14 различни маала: Кршла, Крушка, Скорово, Ширината, Рамно Нивиште, Качаник, Д’лги Дел, Борово Брдо, Лопен, Рамно Брдо, Касиро, Лисо Брдо, Суво Брдо и Бабиште.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Атарот на селото не бил предмет на посеопфатни истражувања. Сепак, се знае за остатоците од обѕидие градена од камен со варов камен, кое се издига високо на зарамнетиот врв на ридот Градиште, над вливот на Лиса во Борова Река.[2] На месноста е подигната црквата „Св. Спас“, по кого е и наречено самото археолошко наоѓалиште.[4]
Стара доцноантичка населба веројатно имало и на месноста Селиште, каде што се откриени остатоци од садови, питоси, градежна керамика и покривни ќерамиди, а биле откривани и гробови.[2]
Најстарите турски записи за селото се од пописните дефтери од 1570-73 кога селото е спомнато како Полатица. Во пописните дефтери од 1846/47 година биле спомнати две села - Полаки и Д’лги Дол. Во Полаки имало 118 даночни обврзници, додека во Д’лги Дол 14.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 74,5 километри квадратни. Во рамките на селскиот атар, шумите преовладуваат на површина од 5.742 хектари, на пасишта отпаѓаат 1.237 хектари, а обработливото земјиште е на површина од 399 хектари.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Полаки живееле 500 жители, сите Македонци.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Полаки имало 636 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[7]
Од Полаки се иселил голем број на населението и тоа преминало од големо во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 1.024 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 245 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало 113 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 15 Македонци, 1 останат и 13 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500 | 636 | 1.020 | 1.140 | 1.024 | 923 | 521 | 279 | 245 | 113 | 29 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешно основно училиште „Вера Циривири“
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Полаки било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Оризари.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Полаки, во која покрај селото Полаки се наоѓале селата Вранинци, Главовица, Горно Гратче, Долно Гратче, Јастребник, Костин Дол, Небојани, Ново Село, Припор, Речани и Црвена Нива. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Полаки, во која влегувале селата Вранинци и Полаки.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0872 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[4]
- Св. Спас — градиште од доцноантичкото време; и
- Селиште — населба и некропола од доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква;
- Црква „Св. Петка“ — црква со трпезарија и извор со лековита вода; и
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква со извор со лековита вода.
Селото во минатото имало неколку цркви кои денес не постојат. Цркви имало кај маалата Бабиште, Суво Брдо и во близина на гробиштата, а во маалото Крушка постоела црква „Св. Илија“.[18]
- Манастири
- Полачки манастир — помал манастир
- Реки[19]
- Бела Река — река низ селото;
- Лопенска Река — река низ селото; и
- Велика Река — река низ селото.
-
Бела Река покрај маалото Река
-
Воздушен поглед на манастирот
-
Манастирската црква „Вознесение Христово“
-
Малата црква „Св. Петка“
-
Лопенска Река
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Полаки
- Анчо Соколов (? — 1932) — македонски револуционер и деец на ВМРО.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Маалото Скорово
-
Чешма во Скорово
-
Куќа во маалото Цреша
-
Маалото Река
-
Куќа во Река
-
Објект во близина на манастирот
-
Куќи во маалото Бабиште
-
Земјен пат од маалото Бабиште до селото Јастребник
-
Поглед во маалото Бабиште
-
Воздушен поглед на атарот на Полаки
-
Куќи во маалото Рамно Нивиште
-
Традиционална куќа во Бабиште
-
Пат во атарот на Полаки
-
Куќи во Полаки
-
Куќи во Полаки
-
Куќи во маалото Лисе Брдо
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Атанасова, Илинка (2014). „Полаки (за шопските краишта во кочанско)“. Посетено на 12 ноември 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 239. Посетено на 12 ноември 2024.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 178. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 ноември 2024.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 12 ноември 2024.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Атанасова, И. и Ајтовска, Љ. (2014). „Полаки: за шопските краишта во Кочанско“. Општина Кочани. ISBN 978-608-65280-9-6.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|