Пашаџиково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пашаџиково
Пашаџиково is located in Македонија
Пашаџиково
Местоположба на Пашаџиково во Македонија
Координати 41°59′11″N 22°21′36″E / 41.98639° N; 22.36000° E / 41.98639; 22.36000Координати: 41°59′11″N 22°21′36″E / 41.98639° N; 22.36000° E / 41.98639; 22.36000
Општина Кочани
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 13031
Надм. вис. 850 м
Пашаџиково на општинската карта
Пашаџиково во Општина Кочани.svg

Атарот на Пашаџиково во рамките на општината


Пашаџиково — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на падините на Осоговските Планини, оддалечено 12 километри северно од Кочани.

Селото лежи на надморска височина од 850 метри, додека атарот зафаќа простор од 10,3 км2.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кочанската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пашаџиково живееле 100 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пашаџиково имало 88 Македонци, патријаршисти.[3]

Селото е наполно раселено по 1981 година, кога броело само 4 жители, Македонци.

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 100[2] 88[3] 38 39 45 38 4 / / /

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 869 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Лешки.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 18 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[8]
  • Бурија — некропола од доцноантичкото време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.230
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. „СЕ ГРАДИ ЦРКВА НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ“. Канал 8. 23 јули 2012. Посетено на 2012-08-29.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 ноември 2019.
  8. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]