Долни Подлог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Долни Подлог е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.



Долни Подлог
Долни Подлог is located in Македонија
Долни Подлог
Местоположба на Долни Подлог во Македонија
Координати 41°53′10″N 22°22′01″E / 41.88611° СГШ; 22.36694° ИГД / 41.88611; 22.36694Координати: 41°53′10″N 22°22′01″E / 41.88611° СГШ; 22.36694° ИГД / 41.88611; 22.36694
Општина Кочани
Население 476 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2300
Надм. вис. 309 м м
Долни Подлог на општинската карта
Долни Подлог во Општина Кочани.svg

Атарот на Долни Подлог во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, недалеку од текот на Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 312 метри. Од градот Кочани, населбата е оддалечена 4,5 километри, а од патот Кочани - Штип, 2,5 километри.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од Кочанската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долни Подлог живееле 182 жители, од кои 100 Турци, 70 Македонци и 12 Роми.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долни Подлог имало 80 Македонци, егзархисти.[2]

Во 2002 година во селото имало 151 домаќинство и 476 жители, од кои 475 Македонци и 1 останат.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 182[1] 80[2] 310 394 514 513 494 480 477 476

Родови[уреди | уреди извор]

Долни Подлог е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Јаќимови (3 к.), Костови (2 к.) и Мишкови (1 к.) ова се единствените три рода кои живеат во селото од турско време. Првите се доселени од Облешево, а подалечно потекло од кратовско. Вторите се од селото Уларци. А третите од селото Нивичани.
  • Дедо-Савеви (5 к.), Дедо Данилови (3 к.), Данилови (3 к.) и Јаневи (2 к.) доселени се од селото Пантелеј, и таму се доселени однекаде.
  • Митеви или Велкови (1 к.) и Доневи (1 к.) доселени се од селото Нивичани
  • Гуцови (2 к.), Ѓоргијови (2 к.) и Златкови (1 к.) доселени се од селото Бели
  • Димишковци (3 к.) доселени се од селото Облешево.
  • Депови (3 к.) доселени се од селото Тркање.
  • Баба-Марини (1 к.) доселени се од селото Лешки.
  • Шталкови (3 к.) и Јорданови (1 к.) доселени се од селото Шталковица кај Пробиштип.
  • Арсови (4 к.), Димитриови (3 к.), Велкови (3 к.), Веселинови (2 к.), Цветкови (2 к.), Карафилоски (8 к.), Баба-Марини (3 к.) и Соколови (3 к.) доселени се од селото Небојани.
  • Карови (2 к.) и Митреви (2 к.) доселени се од селото Полаки.
  • Спасенини (1 к.) и Стојилкови (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
  • Серафимови (2 к.) доселени се од селото Чурилак на Осогово.
  • Паланчани (2 к.) доселени се од селото Псача кај Крива Паланка.
  • Азурови (2 к.) доселени се во 1948 година од селото Зрново кај Драма во Егејска Македонија.
  • Молеровиќи (3 к.) они се Срби по потекло. Доселени се како колонисти од околината на Г. Милановац. Во 1941 година биле иселени во Србија, но се вратиле назад во 1946 година.
  • Стојанкини (1 к.) и Саздови (1 к.) они се Роми по потекло. Доселени се од селото Врбица во 1946 година. Брачни врски одржуваат со православните Роми од селото Мојанци.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.