Прејди на содржината

Долно Гратче

Координати: 41°57′50″N 22°24′30″E / 41.96389° СГШ; 22.40833° ИГД / 41.96389; 22.40833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Гратче

Езерото Гратче на местото на селото

Долно Гратче во рамките на Македонија
Долно Гратче
Местоположба на Долно Гратче во Македонија
Долно Гратче на карта

Карта

Координати 41°57′50″N 22°24′30″E / 41.96389° СГШ; 22.40833° ИГД / 41.96389; 22.40833
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13012
Надм. вис. 440 м
Долно Гратче на општинската карта

Атарот на Долно Гратче во рамките на општината
Долно Гратче на Ризницата

Долно Гратче или Долно Градче — поранешно село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Денес, на местото на селото се наоѓа езерото Гратче.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Долно Гратче во времето на неговото постоење се наоѓало на дното на денешното вештачко езеро Гратче. Селото имало поволна местоположба затоа што се наоѓало на местото каде што реките Голема и Мала се спојуваат, и ја образуваат Кочанска Река. Во околината на селото се наоѓаат над 30 природни извори на вода. Селото било сместено на надморска височина од 440 м. Неговиот атар зафаќа површина од 5,3 км2.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна, 2 лица од Гратче (Горно и Долно) биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Во 1958 година, властите решиле да изградат брана со цел да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговските Планини. Најпогодно место за изградба на вештачкото езеро била месноста Рамна Карпа. Поради тоа, мештаните биле раселени, а дел се преселиле во соседните села Горно Гратче и Јастребник, дел во Кочани, а некои и надвор од Македонија.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194877—    
195393+20.8%
196115−83.9%
19713−80.0%
19812−33.3%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гратче (Долно и Горно живееле 175 жители, сите Македонци.[4]

Според скопскиот митрополит Фирмилијан, во 1902 година во Лешки имало 16 куќи во подаништво на Цариградската патријаршија.[5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно и Долно Гратче имало 216 жители Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Гратче нема жители.[8] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 175 / 77 93 15 3 2 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.

Во XIX век, Долно Гратче било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Гратчевскиот Водопад
Археолошки наоѓалишта[13]
Водопади
Езера
Реки
Споменици
  • Споменик посветен на изградбата на браната.
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 104.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 840.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
  5. Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи, 1902, отсликано од Државниот архив на Република Македонија.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]