Вранинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вранинци
Поглед на Вранинци.jpg

Поглед на Вранинци

Вранинци is located in Македонија
Вранинци
Местоположба на Вранинци во Македонија
Координати 41°57′37″N 22°26′20″E / 41.96028° СГШ; 22.43889° ИГД / 41.96028; 22.43889Координати: 41°57′37″N 22°26′20″E / 41.96028° СГШ; 22.43889° ИГД / 41.96028; 22.43889
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани
Област Осоговија
Население 10[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13006
Надм. вис. 600-720 м
Слава Успение на Пресвета Богородица
Вранинци на општинската карта
Вранинци во Општина Кочани.svg

Атарот на Вранинци во рамките на општината
Commons-logo.svg Вранинци на Ризницата


Вранинци — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Селото името го добило по доселениците од Врање за кои се говори дека го основале.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Вранинци се наоѓа во областа Осоговија, северно од градот Кочани. Селото е планинско и е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 600-720 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2. Од Кочани е оддалечено 9 км.[3]

Границата на селскиот атар поминува низ месностите: Мегдан, Вачева Нива, Вранинска Вода и Штрби Врв. Месностите внатре во селскиот атар се познати како: Грамаѓе, Дага Нива, Прждево, Равна Нива, Пејќевица, Старо Село, Бучино Брдо, Витаница, Гробиште, Средни Рид, Гаштиште Падарница (претставува пасиште), Селиште и Црквичка. селото е од разбиен тип и е подделено на пет маала: Село, Огражденик, Грамаѓе, Прждево и Старо Село.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Според мештаните, селото го основале доселеници од Врање. За најстари родови се сметаат Динчинци и Џалевци. Мештаните од овие два рода биле под притисок од Турците, кои сакале да им ја одземат земјата и претворат во чифлиг. Поради тоа и биле приведени. Членовите на родот Динчинци во затвор попуштиле и ја предале земјата. Меѓутоа, Џалевци не се согласиле и така останале рајати до крајот на турската власт. Динчинци и сите родови кои се доселиле подоцна биле чифчии. Турците кои ја поседувале земјата се викале: Азем-ефенди, Бајрам-ага и други. Познато е дека живееле во Кочани. По ослободувањето од отоманската власт, земјата била купена.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема некоја развиена земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 314 ха, на шуми отпаѓаат 188,9 ха, а на обработливо земјиште 71,3 ха.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вранинци живееле 175 жители, сите Македонци.[4]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вранинци имало 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 13 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 175 160 217 223 215 153 53 11 24 10
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Излетничка населба во близина на селото

Вранинци е македонско село. Според истражувањата од 1959 година, родовите во селото по маала се следниве:

  • Село: Динчинци (6 к.), Џалевци (4 к.), Коларци (3 к.) и Прждевци (3 к.). Потеклото на родовите Динчинци и Џалевци е од околината на Врање во Србија. Коларци се доселени од селото Дулица кај Македонска Каменица. А не се знае од каде е родот Прждевци.
  • Грамаѓа: Митковци (4 к.) и Динчинци (2 к.). Митковци се доселени од некое село Д. Трола во околината на Штип?, односно најверојатно од селото Трооло во околината на Пробиштип. Динчинци се гранка од истоимениот род во маалото Село.
  • Огражденик: Тренчевци (4 к.), Динчинци (3 к.) и Миладиновци (1 к.). За потеклото на родот Тренчевци не се знае ништо. Динчинци се гранка од истоимените родови во маалата Село и Грамаѓа. Миладиновци се доселени од селото Мишино, сега раселено.
  • Старо Село: Прждевци (1 к.) кои се гранка од истоимениот род во маалото Село.[2]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници од селото има во Кочани, и тоа од родовите Коларци и Динчинци; во подпланинското село Оризари од родовите Џалевци и Динчинци; како и во селата Лешки од родот Божинови и во Теранци од родот Вранинци.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во XIX век, Вранинци било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено со изборното место бр. 894 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на шумскаа куќичка на ПОС „Осогово“ на селото Речани.[9]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 5 гласачи.[10]

Култура и традиција[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа што селото е мало, тоа нема општа слава. Сепак, при чествувањето на одделни празници, како Илинден и Богородица, селаните се собираат кај крстот и колат курбан. Горбиштата се наоѓаат во маалото Село.[2]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[11]
  • Грамади — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Гробишта — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Селиште — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Старо Село — населба од доцноантичко време.
Реки

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина — сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 68–69.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 60.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
  5. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
  10. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]