Речани (Кочанско)
Речани | |
Поглед на Речани | |
Координати 41°58′58″N 22°36′35″E / 41.98278°N 22.60972°E | |
Регион | Источен |
Општина | Кочани |
Област | Осоговија |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13037 |
Надм. вис. | 800 м |
Речани на општинската карта Атарот на Речани во рамките на општината | |
Речани на Ризницата |
Речани — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Речани се наоѓа на падините на Осоговските Планини, каде што Бела и Црна Река се спојуваат, и ја образуваат Оризарска Река. Селото е планинско и е расположено на надморска височина од 800 м. Селскиот атар зафаќа површина од 8,7 км2. Од Кочани е оддалечено 11 км.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото во основа има полјоделско-сточарска функција. Во рамките на неговиот атар, пасиштата зафаќаат површина од 335 ха, шумите се на површина од 265 ха, а на обработливо земјиште отпаѓаат 94 ха.[2]
Во атарот на селото, поточно на местото на спојување на Бела и Црна во Оризарска Река, е планирана изградба на хидросистемот „Оризарска Река“ којшто би вклучувал изградба на вештачкото езеро Речани.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речани живееле 130 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Речани имало 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Речани живеат 13 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130 | 160 | 203 | 233 | 201 | 133 | 68 | 40 | 43 | 13 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.
Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.
Во XIX век, Речани било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 894 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на шумска куќичка на ПОС „Осогово“. Во ова избирачко место е опфатено и селото Вранинци.[12]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[13]
Култура и традиција
[уреди | уреди извор]Во минатото, селото било познато по тоа што во него имало валавници, а и околната месност била наречена по нив.[14]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Манастири
- Реки
- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото
-
Куќи во селото
-
Традиционална куќа
-
Остатоци од градба
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 258.
- ↑ „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од брана и акумулација „Речани" со придружни објекти (дел од хидросистемот „Оризарска Река")“ (PDF). Скопје: Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство. 2011. стр. 14. Посетено на 30 март 2021.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Валавниците – сеќавање на едно време. Општина Кочани. 26 март 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Речани (Кочанско) на Ризницата ?
|