Костин Дол (Кочанско)
Костин Дол | |
![]() Поглед на Костин Дол | |
Координати 42°01′22″N 22°27′0″E / 42.02278° СГШ; 22.45000° ИГДКоординати: 42°01′22″N 22°27′0″E / 42.02278° СГШ; 22.45000° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13017 |
Надм. вис. | 840-1.100 м |
![]() |
Костин Дол — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Костин Дол се наоѓа на падините на Осоговските Планини, меѓу теченијата на Бела и Црна Река. Селото е планинско и од разбиен тип, а маалата се издигаат на надморска височина од 840-1.100 м. Селскиот атар зафаќа површина од 5,9 км2. Од Кочани е оддалечено 18 км.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во Првата балканска војна, 1 лице од Костин Дол било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во рамките на селскиот атар, шумите зафаќаат површина од 191 а, потоа следуваат пасиштата со 150 ха и обработливото земјиште со 124 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костин Дол живееле 300 жители, сите Македонци.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Костин Дол имало 304 Македонци патријаршисти.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Костин Дол живеат 20 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | 304 | 192 | 192 | 161 | 105 | 48 | 33 | 17 | 20 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.
Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.
Во XIX век, Костин Дол било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 895 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Со ова избирачко место е опфатено и селото Ново Село.[11]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[12]
Култура и традиција[уреди | уреди извор]
Во минатото, селото било познато по тоа што во него имало валавници, а и околната месност била наречена по нив.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Манастири
- Реки
- Цркви
- Црква „Св. Симеон Столтник“ — манастирска црква.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 159.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 853.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Валавниците – сеќавање на едно време. Општина Кочани. 26 март 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Костин Дол (Кочанско) на Ризницата ?
|