Рајчани
Рајчани — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во близина на селото Рајчани, во месноста Свиланово, во април 1905 година загинал Никола Карев, македонски деец, борец во националноослободителното движење на македонскиот народ, социјалист, претседател на Крушевска Република.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рајчани живееле 91 жител, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рајчани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 33 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 91 | 160 | 331 | 382 | 350 | 272 | 134 | 67 | 54 | 33 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Рајчани е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото:
Родови во селото се: Антовци (11 к.), Наковци (7 к.), Максимовци (7 к.), Николовци (9 к.) и Алексовци (3 к.) доселени родови, но не знаат од каде се доселени. Предците на споменатите родови се доселени кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Првите три рода потекнуваат од исто место; Нежиловци (3 к.) и Каврачанци (2 к.) доселени се во 1927 година, првите од селото Нежилово, а вторите од Каврак, Кратовско.[10]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 873 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Грамади — градиште од доцноантичкото време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Традиционално, секоја година на 27 април планинари, ученици, здруженија на граѓани и претставници на локалната власт го посетуваат местото на загинувањето на Никола Карев, каде се одржува историски час.
Личности[уреди | уреди извор]
- Починати
- Никола Карев — македонски револуционер
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Било често иселување на македонското население од ова село. До 1912 година околу 15 семејства се иселиле во Кочани, Штип и на некои други места. По 1912 во селото Чешиново се иселиле Рајчани. Алексови се иселиле во селото Бања. Толошманци, Пелештечки и Ламбовци се иселиле во селото Спанчево. Тие и во Рајчани биле доселени од селото Талашманце кај Кратово. Уште еден род Рајчани се иселил во Спанчево. После Втората светска војна седум семејства се иселиле надвор од Кочанско. Во селото Ќоселари на Овче Поле (Јашковци, Кипријанови и Ампови). И во селото Горно Оризари кај Велес.[10]
Иселувањето е продолжено и по 1960 година. По времето на истражувањето.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Никола Карев“. Архивирано од изворникот на 2011-06-11. Посетено на 2009-11-28.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 222.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|