Каврак

Координати: 42°07′18″N 22°17′23″E / 42.12167° СГШ; 22.28972° ИГД / 42.12167; 22.28972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Каврак

Воздушен поглед на Каврак

Каврак во рамките на Македонија
Каврак
Местоположба на Каврак во Македонија
Каврак на карта

Карта

Координати 42°07′18″N 22°17′23″E / 42.12167° СГШ; 22.28972° ИГД / 42.12167; 22.28972
Регион  Североисточен
Општина  Кратово
Област Осогово
Население 25 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14008
Надм. вис. 1.360 м
Каврак на општинската карта

Атарот на Каврак во рамките на општината
Каврак на Ризницата

Каврак — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото сместено високо во Осоговските Планини

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар високо се издига на Осоговските Планини и се допира со подрачјето на Општина Крива Паланка.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.360 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 14 километри.[2]

Низ селото поминува регионалниот пат 29271 (целосно асфалтиран), кој се двои од регионалниот пат 2232 во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро.

Селото се наоѓа на падините на Осоговските Планини, оддалечено 25 километри североисточно од Кратово.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 7,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 363 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 220 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948217—    
1953266+22.6%
1961223−16.2%
1971190−14.8%
1981130−31.6%
ГодинаНас.±%
199174−43.1%
199471−4.1%
200262−12.7%
200225−59.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каврак живееле 135 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Каврак имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Каврак е мало село, коешто во 1961 година броело 223 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 71 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Каврак живееле 62 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 135 160 217 266 223 190 130 74 71 62 25
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Каврак било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0905 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[11]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13]
Манастири
Параклиси

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 142.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 октомври 2022.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 28 октомври 2022.
  12. „Локални избори 2021“. Посетено на 28 октомври 2022.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]