Јастребник

Координати: 41°59′29″N 22°24′31″E / 41.99139° СГШ; 22.40861° ИГД / 41.99139; 22.40861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јастребник

Јастребник - маалото Чуриљак

Јастребник во рамките на Македонија
Јастребник
Местоположба на Јастребник во Македонија
Јастребник на карта

Карта

Координати 41°59′29″N 22°24′31″E / 41.99139° СГШ; 22.40861° ИГД / 41.99139; 22.40861
Општина Кочани
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13016
Надм. вис. 950 м
Мреж. место [http://Јастребник Јастребник]
Јастребник на општинската карта

Атарот на Јастребник во рамките на општината
Јастребник на Ризницата

Јастребник — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 950 метри надморска височина, на јужните падини на Осоговските Планини. Селото има 9 маала и тоа: Чорбаџии, Старо село, Кржалии, Горна Маала, Долна Маала, Падини, Горни, Долни, Чуриљак и Семревец. Населението брои околу 50 жители, од кои постојани се десетина. Останатите се преселени во Кочани. Сепак, забрзаната изградба на инфраструктурата што ја прави Локалната самоуправа во последните неколку години постепено го враќа животот во селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948396—    
1953444+12.1%
1961401−9.7%
1971341−15.0%
1981168−50.7%
ГодинаНас.±%
199186−48.8%
199466−23.3%
200248−27.3%
202111−77.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јастребник живееле 210 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јастребник имало 264 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото има 23 домаќинства со 34 куќи и 48 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 264 396 444 401 341 168 86 66 48 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Јастребник е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се

  • Доселеници: Долномалци (8 к.) најстар род во селото. Доселени се пред околу 260 години, однекаде; Староселци или Славковци (7 к.) доселени се од селото Припечани кај Штип. Го знаат следното родословие: Глигор (жив на 51г. во 1960 година) Димитрија-Филип-Анѓелко-Славко, предокот кој се доселил; Чорбаџици (6 к.) доселени се од селото Драмче кај Делчево. Го знаат следното родословие: Велко (жив на 54г. во 1960 година) Јован-Стојко-Ангел-Велко-Јанко, се доселил неговиот татко; Семревци (10 к.), Падинчани (7 к.), Чурилци (6 к.), Рајати/Реети (5 к.) и Горномалци (5 к.) доселени се однекаде.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото постои центар за валоризација на културното наследство кој е сместен во старата училишна зграда која е преадаптирана. Ова било проект на италијанската влада и градот Кочани. Проектот чинел 33.000 евра и се реализирал во период од 10 месеци. Основната идеја е да се создаде пункт во кој ќе бидат претставени сегменти од материјалното и културно наследство од Осоговскиот крај. Центарот има уште две функции - да биде појдовно место на посетителите и туристите кои ќе пешачат по веќе трасираната планинарска патека што води кон Пониква и во исто време да биде појдовна точка за развој на селскиот туризам во овој крај.[11]

Во посебната збирка на центарот изложени се стари предмети од дрво, глина и метал, како и машки и женски носии, постари и по стотина години.[12]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 868 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Воден габер - дрво старо повеќе од 500 години

Во селото Јастребник, поточно во неговото маало Чуриљак има воден габер - дрво старо повеќе од 5 века.[15] Дрвото има пречник од 2,5 метри, со обем околу 6 метри. Местото каде што изникнал габерот е долче од кое подолу настанува Мала Река, која заедно со Голема Река се влеваат во акумулацијата Гратче и ја создаваат Крива или Кочанска Река. Под неговиот корен извира вода, а селаните одамна направиле покриен кладенец од кој црпеле студена планинска вода. Целата околина на дрвото е богато со вода, а уште од дамнина овде се напојувала и стоката во селото. Дрвото сè уште е живо, иако постепено се суши, особено подолните гранки. Сепак, над 80% од стеблото и понатаму е витално и со својата огромна крошна фрла дебела сенка на местото каде стои со стотици години.

Личности[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости:[уреди | уреди извор]

Манастири и слави :

- Св.Ѓорѓи ( Ѓурѓовден) - близу Старо село

- Св.Илија (Илинден) - Старо село

- Св.Богородица (Голема Богородица) - Кржалии

- Покров на пресвета Богородица (Покрита Богородица) - мв Барлица во кругот на школскиот двор

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  11. Пуштен во употреба туристички центар во село Јастребник, кочанско
  12. Во кочанското село Јастребник изложена етнолошка збирка од Осоговијата[мртва врска] -МИА
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „За водниот габер стар над 5 века“. Архивирано од изворникот на 2008-07-16. Посетено на 2008-05-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Јастребник на порталот на Општина Кочани Архивирано на 16 јули 2008 г.