Припечани

Координати: 41°48′14.04″N 22°22′09.84″E / 41.8039000° СГШ; 22.3694000° ИГД / 41.8039000; 22.3694000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Припечани

Поглед на селото од патот кон него

Припечани во рамките на Македонија
Припечани
Местоположба на Припечани во Македонија
Припечани на карта

Карта

Координати 41°48′14.04″N 22°22′09.84″E / 41.8039000° СГШ; 22.3694000° ИГД / 41.8039000; 22.3694000
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30046
Надм. вис. 840 м
Слава Ѓурѓовден
Припечани на општинската карта

Атарот на Припечани во рамките на општината
Припечани на Ризницата

Припечани — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Карбинци, во средното сливно подрачје на реката Брегалница, а чиј атар се допира со подрачјата на општините Чешиново-Облешево и Зрновци.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 840 метри.[2]

Селото е изразено планинско, сместено на надморска височина од околу 900 метри. Над селото се протега шума, кај што се наоѓаат повеќе извори и потоци. Под селото била исечена шумата за да се направат ниви и пасишта. Тој дел од атарот е доста сув.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Свињарник, Клобучар, Горна и Долна Чардаклија, Мачкова Нива, Селиште, Стари Лозја, Камен, Старец, Црвенуш, Јани Камен, Зелени Рид, Башалница, Голем Рид, Пазарски Пат, Васетина, Леништа, Горно Руниште, Мајаница и Кучка Рудина.[3]

Селото има збиен тип. Не постојат маала бидејќи е мало и едноставно. Сепак роднинските куќи се групирани и поблиску една до друга и некои делови се именувани како Неделковци, Зариовци, Бошковци и други.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Припечани најпрвин се наоѓало 3 километри пониско од денешната местоположба, на месноста Селиште покрај патот за селото Кучичино. Таму се познаваат остатоци од куќи. Некои делови од месноста Селиште порано биле обработувани од страна на Турците од селата Руљак и Џумалија.[3]

Не се знае кога било раселено селото на Селиште и основано селото на денешното место. Од предците кои живееле на Селиште потекнуваат најголем број на денешните родови, додека некои родови се доселиле подоцна.[3]

Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година, како село во Ќустендилскиот санџак, Кратовска каза, нахија Штип со 25 христијански семејства.[4]

Околу средината на XIX век, во шумите над селото престојувале арамии и ајдуци, поради што постои и месноста Арамиски Кладенец. Ајдуците ги напаѓале и селаните од Припечани.[3]

Во XIX век, Припечани било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 13,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.246 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 51 хектар, а на пасиштата 46 хектари.[2]

За време на Турците постоеле два чифлика, еден на Турчинот Лиман од потпланинското село Теранци, а другиот на некој Турчин од штипското село Црвулево. Селаните ја купиле земјата од нив во втората половина на XIX век.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948251—    
1953254+1.2%
1961188−26.0%
197151−72.9%
198114−72.5%
ГодинаНас.±%
19914−71.4%
19945+25.0%
20021−80.0%
20214+300.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 315 жители, сите Македонци.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Селото е мало, доведено во фаза на наполно раселување и е населено со македонско население. Во 1961 година селото имало 188 жители, а во 1994 година, само пет жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Припечани живеел само 1 жител, Македонец.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 315 320 251 254 188 51 14 4 5 1 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Атишта е македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Староседелски родови: Бошковци (7 к.), Станковци (1 к.), Дедо-Андовци (1 к.), Гацановци (1 к.), Дедо-Јовановци (1 к.), Пановци (1 к.), Огњановци (1 к.), Неделковци (5 к.), Дедо-Јордевци (1 к.), Зафировци (1 к.), Атанасовци (1 к.) и Ефремовци (1 к.), сите наведени родови се староседелски;
  • Доселени родови: Зариовци (2 к.), доселени се од селото Црвена Јаболка кај Делчево (?). Го знаат следното родословие: Сокол (жив на 75 г. крајот на 1950-тите) Стојил-Зарија, кој се доселил во селото; Гиговци (2 к.) и Ѓоргијовци (1 к.), порано биле еден род, доселени се од соседното село Мојанци и Домазетовци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен однекаде.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Припечани, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2323 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа во село Руљак. Во избирачкото место се опфатени селата Припечани и Руљак.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[15]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Припечани

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се имаат иселено 12 домаќинства во Теранци, во селото Јастребник се иселил родот Староселци (7 к.), во селото Чифлик се иселиле Припечанци (2 к.), во селото Долни Балван се иселиле 2 семејства, а родот Богатинци се преселиле во овчеполското село Долно Црнилиште.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 245. Посетено на 13 февруари 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина: Селски населби и население. Скопје: Српска академија на науките и уметностите. стр. 89–90.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од  1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.291
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 февруари 2021.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 февруари 2021.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 13 февруари 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]