Грдовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грдовци
Грдовци is located in Македонија
Грдовци
Местоположба на Грдовци во Македонија
Координати 41°52′50″N 22°25′09″E / 41.88056° СГШ; 22.41917° ИГД / 41.88056; 22.41917Координати: 41°52′50″N 22°25′09″E / 41.88056° СГШ; 22.41917° ИГД / 41.88056; 22.41917
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани
Население 1 288 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Надм. вис. 314 м
Грдовци на општинската карта
Грдовци во Општина Кочани.svg

Атарот на Грдовци во рамките на општината

Грдовци е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Грдовци се наоѓа во срцето на Кочанската котлина, помеѓу реките Брегалница и Оризарска Река. Оддалечено е 3,7 километри од центарот на Кочани, и е најдобро урбанизирано село во кочанската околина. Располага со одлична патна инфраструктура, 80% од улиците во селото се асфалтирани, водовод и канализација се поставени во раните осумдесети години и располага со 3 трафостаници со помош на кои електричната енергија е обезбедена 24/7.

Историja[уреди | уреди извор]

Грдовци е едно од најстарите населени места на брегалничката територија. Во пишаните документи за прв пат се споменува во записите на патеписец кои датираат од 1371 година, во кои Грдовци е споменато покрај тогашниот црковен и економски центар на овие простори - Морозбиздон ( каде денес се наоѓа и познатиот археолошки локалитет кој допрва треба да се истражува и треба да даде одговори на многу нејасни прашања од периодот на средниот век и развојот на христијанството во Македонија). Името Грдовци потекнува од старословенскиот збор „грд“ што има повеќе значења (горд , смел, вообразен). Името се однесува на одликите на припадниците на племето кое го основале ова село во средниот век.

Економија[уреди | уреди извор]

Основна дејност од која населението во Грдовци остварува најголем приход е земјоделието, односно одгледувањето на ,,белото злато,,- оризот. Во полињата кои се наоѓаат во атарот на Грдовци се произведува најквалитетниот ориз во кочанската околина кој е надалеку познат и е основно обележје на општината. Најголем број од вработените работат во Кочани. Грдовци е село со најголем број продавници и угостителски објекти гледано во однос по број на жители. Во селото активно работат 6 продавници, 2 маркети за најразновидна стока и алати, 3 кафе-барови, 2 кафеани и интернет-кафе. Исто така селото располага со фабрика за ориз која е во приватна сопственост како и производствен погон за делови за моторни возила.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Грдовци живееле 5050жители, од кои 380 Македонци и 125 Турци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грдовци имало 504 Македонци, егзархисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1,288 жители, од кои 1.281 Македонец и 7 останати.[3]

На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 505[1] 504[2] 841 977 1.128 1.210 1.299 1.305 1.281 1.288

Денес , Грдовци има над 1.600 жители, односно над 400 домакинства. Селото е населено исклучиво со Македонци, без припадници на другите етнички заедници.

Родови[уреди | уреди извор]

Грдовци е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:

  • Иљовци (16 к.), Гаврилци (12 к.), Балванци (10 к.), Митревци (8 к.), Шуманци (6 к.), Тасиовци (6 к.), Туманци (5 к.), Дедо Ристови (4 к.), Дедо Трајанови (4 к.) и Дедо Митреви (2 к.) за нив се говори дека потекнуваат од предци доселени од раселеното село Грдовци или Грдилово на планината Плачковица.
  • Шалтовци (13 к.) доселени се од некое село во околината на Лерин во Егејска Македонија. Од таму избегале поради убиство, најпрво во селото Блатец. А во 19ти век се доселиле во селото Грдовци.
  • Бачковци (8 к.) доселени се од селото Мородвис.
  • Лесковци (6 к.) доселени се од селото Лески кај Виница.
  • Врсаковци (5 к.) доселени се од селото Врсаково кај Штип (Овче Поле).
  • Гризловци (4 к.) доселени се во турско време од селото Гризилевци кај Пробиштип/Кочани.
  • Накови (5 к.), Стојчеви (3 к.) и Црвењачки (2 к.) доселени се од селото Прибачево.
  • Дебарски (4 к.) доселени се во 1916 година од мијачкото село Осој.
  • Џебови (2 к.) доселени се од селото Бели.
  • Пресечани (6 к.) и Костиндолци (2 к.) доселени се во 1946 година. Првите од Пресека, а вторите од Костин Дол.
  • Димитриови (2 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица
  • Биљкови (1 к.) доселени се од кратовско.
  • Паунови (1 к.) доселени се од Кочани.
  • Каурмаџинци (6 к.), Лазарови или Кајмакарци (7 к.), Чукови (6 к.), Бисини (6 к.), Баљови (5 к.), Маневци (4 к.), Мустревци (4 к.), Ќосевци (4 к.), Спасевци (4 к.) и Јованови (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.
  • Егејци (4 к.) доселени се во 1947 година од селото Зрново кај Драма во Егејска Македонија.
  • Власи (2 к.) они се Власи по потекло. Доселени се во 1947 година од некое место кај Воден во Егејска Македонија, веројатно од Меглен.[5]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои еден фудбалски клуб „Агрос“, кој редовно настапува во општинската фусбалска лига, како и на Илинденските спортски игри во Чешиново и Богородичниот турнир во с.Долни Подлог. Во селото има и играорна и карате секција. Играорната секција работи во рамките на Ф.А.„Љупчо Сантов” од Оризари и во него активно членуваат околу 30-тина деца од селото. Карате секцијата е во ракмите на карате клубот „Ипон“ од Кочани и во него активно учествуваат околу 20-тина деца од селото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 132-133.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Сателитска снимка на Грдовци на Google Maps.