Лески
Лески | |
Општина | Виница |
Население | 579 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 05011 |
![]() |
Лески — село во Општина Виница, во околината на Виница.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1611 - 1619 година под името Леска со 58 домаќинства.[1]
Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лески живееле 280 жители, од кои 250 Македонци и 30 Роми.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лески имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Лески живеат 579 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280[2] | 160[3] | 117 | 151 | 251 | 349 | 429 | 515 | 489 | 579 |
Родови[уреди | уреди извор]
Лески е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
- Велковци (3 к.) доселени се од селото Јастребник кај Кочани. Овде живеат од XIX век.
- Трајанови (2 к.) доселени се од селото Прибачево. Овде живеат од XIX век.
- Ќирови (1 к.) доселени се однекаде. Овде живеат од XIX век.
- Арсови (1 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево. Овде живеат од XIX век.
- Соколови (1 к.), Филипови (1 к.), Николови (1 к.), Димитрови (1 к.), Јаневи (1 к.), Сребренови (1 к.) и Стаменкови (2 к.) доселени се од селото Пресека кај Кочани, после 1941 година.
- Тасеви (2 к.), Тодорови (1 к.), Богатинови (1 к.), Миленкови (1 к.), Тодорови (1 к.) и Арсови (1 к.) доселени се од селото Безиково кај Кочани.
- Дамјанови (3 к.), Стоилови (1 к.) и Китанови (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
- Божинови (1 к.) доселени се од селото Вранинци кај Кочани.
- Карафилови (1 к.) и Ангелкови (1 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 325 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 495 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Јован Крстител“ — селска црква од 1848 г.
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Ореово — населба и некропола од римско време
- Св. Атанас — населба од римско време
- Свети Јован Опсеча — црква од средниот век
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 99. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|